1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Преговорите продолжуваат - Нимиц во посета на Македонија и Грција

Специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц најави скорешна посета и средби со властите во Скопје и Атина. Тој го ортфрли тврдењето на Грција дека поради изборите Македонија не е подготвена за нова рунда преговори.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот на ОН во грчко - македонскиот спор Метју Нимиц, отворено се спротивстави на ставот на Грција за прекин на преговорите за името се додека не биде избрана новата македонска влада. Тој ги отфрли наводите на Атина која тврди дека Македонија не е подготвена да преговара поради изборните инциденти и најави дека за десетина дена ќе го посети регионот и ќе разговра со највисоките претставници на Грција и Македонија.

Изборите во Македонија не се никаква пречка за процесот затоашто земјата има политичко раководство, јасно е кој ја води државата и нема причина да се чека формирањето на новата влада, смета специјалниот пратник на ОН во спорот за името.

Според неофицијалните информации на двете страни присутни на состанокот со Нимиц, вчерашната средба била една од најтешките средби во последниве неколку години. Македонските претставници преговарачот Никола Димитров и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер остро протестрирале за однесувањето на грчките власи и инцидентите во кои биле малтретирани македонските граѓани, а на претседателот Црвенковски не му беше дозволено да слета на грчка територија. Одговорот од грчката страна бил дека не се работело за државна политика туку за испади на иднивидуалци.

Фокусот на преговорите е попрецизен

Во однос на тоа дали е напревен чекор напред или назад, Нимиц исткана дека јазот меѓу двете земји не е помал и не е стеснет. На средбата биле разгледувани неколку идеи, а фокусот на разговорите сега е попрецизен „Мислам дека настаните во последниве неколку месеци додадоа неколку нови елемeнти за тоа што не е можно, а што е можно. Не би рекол дека јазот е приближен, јазот е стесен, но подрачјето за дискусија е многу пофокусирано.“

9 јули како краен рок што го даде НАТО, како услов за привршување на преговорите, не влијае на процесот што нема крен рок за решавање, вели американскиот диполомат кој вообичаено не даде детали за разговорите. Од неофицијални информации по средбата се дознава дека разговорот за којшто грчкиот претставник воопшто не бил заинтересиран не наликувал на прeговори за името, туку за можност грчката страна да упати уште една закана, Македонија да попушти ако сака да стане членка на НАТО и ЕУ.

DW.COM