1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Преговорите продолжуваат, борбите се заоструваат

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ја почна мировната турнеја на Блискиот Исток, во обид да придонесе за смирување на ситуацијата. Во меѓувреме, 19-иот дeн од конфликтот го одбележуваат ракетите испукани од Либан.

default

Израелски војници во појасот Газа

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, денеска ќе побара од египетските власти да го информираат како се одвиваат преговорите по повод предлогот на Каиро за завршување на израелската воена офанзива во Газа.

Der Außenminister von Südkorea Ban Ki Moon

Бан Ки Мун - загрижен за ситуацијата на Блискиот Исток, но никој не ги слуша неговите барања

„Мојата порака е едноставна, директна и јасна: борбите мора да престанат. Ова важи за двете страни“, изјави Бан Ки Мун пред да отпатува на Блискиот Исток. Но, и покрај неговите барањата за итен прекин на огнот, ниту Израел, ниту Хамас не обрнаа внимание на неговата порака.

Хамас има неколку забелешки за договорот

Делегација на Хамас денеска во Каиро го разгледува предлогот на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Договорот предвидува итен прекин на насилството, отворање на израелските граници кон појасот Газа и нови преговори за помирување со Палестинците.

Nahostreise Außenminister Frank-Walter Steinmeier in Ägypten mit Präsident Hosni Mubarak

И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се вклучи во мировните преговори

Критична точка за Хамас е предвиденото примирје од 15 години, без обврска за израелската армија веднаш да се повлече. Присуството на окупаторот во Појасот е неприфатливо, изјави Муса Абу Марзук, еден од лидерите на Хамас. Тој додаде дека Хамас има неколку забелешки и измени, кога е во прашање мировниот план на Египет. „Кога тие би биле земени предвид, можеби би дошле до некаков нацрт-предлог, што би бил основа за решение. Во секој случај, не можеме да го прифатиме планот онаков каков што е сега“, беше категоричен Марзук.

Либан нема да дозволи да биде театар

Во меѓувреме, деветнаесеттиот ден од вооружениот конфликт на Блискиот Исток почна со три ракети, кои од Либан беа истрелани кон израелска територија. Тие погодија цели во северниот дел на земјата, без да предизвикаат жртви или материјални штети. Израелската армија возврати со истрели во насока од каде што биле испукани ракетите.

Krieg in Gaza

Израел вторпат во една недела погоден од ракети од либанска територија

Портпаролот на израелската армија изјави дека задача на либанската армија е да ги спречи ракетните напади од Либан.

Либанскиот министер за одбрана, пак, по вчерашната средба на кабинетот, потенцира дека Либан нема да дозволи да биде база од каде што разни организации испалуваат ракети. „Либан не е театар и оваа одлука е едногласно донесена од владата, армијата, одбраната и либанскиот народ“, рече министерот.

Ова е втор случај на испукани ракети од либанска територија во помалку од една недела, што уште повеќе го зголемува стравот дека би можело да дојде до повторување на сценариото од 2006 година, кога Израел истовремено спроведе вооружени акции во Газа и против Хезболах во Либан.