1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Преговорите на ЕУ со Иран-без резултат

Преговорите на ЕУ со Иран околу спорната иранска атомска програма во Виена завршија без резултати,како што соопшти шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.

Иранска нуклеарка

Иранска нуклеарка

Последниот обид на ЕУ за посредување во спорот со иранската атомска програма не донесе плод.Како што соопшти германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер,разговорите со главниот преговарач на официјален Техеран,Али Лариџани,завршиле без успех.По околу два часа заседавање во Виена,не е постигната согласност,соопшти и францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази.ЕУ повторно бараше од Иран да престане со збогатување ураниум,но Техеран тоа го одбива.Денешните разговори инаку беа на негова ненадејна иницијатива,а на нив учествуваше и првиот човек на европската дипломатија Хавиер Солана.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи и пред денешните преговори немаше големи надежи,нагласувајќи ги сомнежите на меѓународната заедница во намерите на Иран:

-Секако дека Иран треба да има пристап до нуклеарната технологија.Но,тоа што Техеран токму сега го обнови спорното збогатување ураниум,тоа не влева доверба во намерите на оваа земја,нагласи Барадеи.

Тој на седницата на Меѓународната агенција за атомска енергија што почнува в понеделни и ќе трае до петок ќе поднесе извештај за ситуацијата околу иранскаат атомска програма.На неа треба да биде донесена и одлуката дали случајот ќе биде изнесен пред Советот за безбедност на ОН,кој може да донесе решение за воведување санкции против Иран.