1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Преговорите за името продолжуваат по јуни?

Македонскиот преговарач во спорот со името, Зоран Јолевски на државниот врв во Скопје му ги пренесе деталите од последната рунда преговори во Њујорк. Премиерот Никола Груевски е скептик дека наскоро ќе има компромис.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц ќе свика нова рунда во грчко-македонските преговори по изборите во Македонија и Грција, закажани за март и јуни. Нимиц ова го предложил на последната рунда разговори во Њујорк. За исходот од сребата која не донесе големо поместување во процесот, овие два дена амбасадорот и македонски преговарач, Зоран Јолевски го информираше премиерот Никола Груевски, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и претседателот Бранко Црвенковски. Јолевски не даде изјава за медиумите. Од друга страна, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов по средбата со холандската амбасадорка во земјата Филипини изјави дека ќе има застој во грчко-македонските преговори и тие очигледно ќе бидат жртва на изборите во Македонија и Грција.

Gruevski Statement.jpg

Премиерот Никола Груевски очекува нови блокади од Атина

Груевски е скептик дека ќе има брзо решавање на спорот

Премиерот Груевски е скептик дека ќе има брзо решавање на спорот, како и дека очекува нови блокади од Атина за евроинтеграцијата на Македонија. Според него ако не се постигне компромис, Грција нема да дозволи влез на Македонија ниту во ЕУ.

„Независно од тоа дали изборите во земјата ќе бидат успешни или неуспешни и како ќе ги завршиме реформите, што и да се случи во Македонија, колку да отидеме напред, додека не се постигне тој компромис тие нема да дозволат такво нешто“, рече Груевски на викендот за телевизијата „Сител“.

Во интервју за „А1“, првиот човек на ДУИ Али Ахмети, чија партија е коалиционен партнер во владата, со став: „Сите сме подеднакво засегнати од решавањето на проблемот со името со Грција. Сите не засега и интеграцијата во НАТО и ЕУ. При тоа ние ќе се обидеме да дадеме конструктивен придонес и мислам дека не треба да се злоупотреби деликатниот момент, во којшто се наоѓаме и ние како Албанци, затоа што едната страна го негира идентитетот на нашите сограѓани Македонци“, рече Ахмети. Сепак, според него исто така не е добар потег во време кога се водат преговори околу името, одредени објекти, како аеродромот, да се именуваат со антички имиња.