1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Преговарачкиот процес за името влошен?

Македонија е таа која што ќе мора да попушти за името доколку сака да влезе во НАТО и во ЕУ, порачуваат грчките власти. Македонскиот премиер не сакаше да ги коментира информациите за максималистички барања на Грција.

default

Медијаторот Метју Нимиц бил изненаден од ставовите на Грците

„Во интерес на процесот, дозволете да се воздржам од коментар на максималистичките позиции на Грција. Македонија ќе остане посветена на барање решение со желба да се најде тоа решение и да се затвори прашањето, изјави вчеравечер македонскиот премиер Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од македонските агенции повикувајќи се на информации на телевизијата Канал 5 вчера јавија дека Грција до Македонија и до сите индиректно инволвирани страни испрати порака дека Македонија е таа која што ќе мора да попушти за името доколку сака да влезе во НАТО и во ЕУ.

Нимиц бил шокиран од грчката позиција?

Според истите извори единствено можно решение за името, според Грција, е „Република Северна Македонија“ или „Република Нова Македонија“.

Nikola Gruevski Giorgos Papandreou

Кусата неодамнешна средба на Груевски и Папандреу не донесе подобра клима во преговорите за името

Аналогно на ова, според истиот извор, нацијата би се нарекувала северномакедонска или новомакедонска, а Грција не отстапува ниту од употребата на новото име да биде во целокупна употреба во меѓународните односи, но и за внатрешна употреба. Сегашната употреба на уставното име, како што се наведува, би се користела само во неформална комуникација во земјата и со земји пријатели, но никако и во официјална коресподенција. Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, според Канал 5, бил шокиран од грчките ставови пренесени преку амбасадорот Адамантиос Василакис, со кои Атина се враќа на позициите за името од 1992 година и засега не закажал средба со двајцата преговарачи. Заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за атинскиот весник Елефтеротипија ја повика „БЈРМ да прекине со националистичката реторика и со злоупотребата на грчката историја и култура и да започне конструктивен дијалог со Грција“.

Автор:ЕМФ/СН/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски