1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Преглед на германските дневни весници

Денешните изданија донесуваат коментари за изборот на Харадинај за премиер на Косово, како и за реизборот на Ангела Меркел на претседателската функција во ЦДУ

Весникот Ноје Оснабрикер Цајтунг на следниов начин го коментира изборот на Рамуш Харадинај за премиер на Косово. Сега имаме организиран криминал во Владата, оваа воздишка на бившиот премиер Бујар Букоши прецизно ја изразува големата дилема. Бидејќи со Рамуш Харадинај на должноста премиер на Косово, дојде политичар со срамно име. Дури и да се одземе половина од она што се зборува за него, за сторените воени злосторства, за трговијата со оружје и со луѓе, шверцот со цигари, насилство и натаму останува фактот дека Харадинај гарантира проблеми. На крајот на краиштата, констатира натаму весникот Ноје Оснабрикер Цајтунг тоа ќе биде проблем и на Германија, бидејќи Косово во догледна иднина останува најголемто и најтешко градилиште на германската надоврешна политика. Ништо во Харадиновата биографија нема врска со демократијата, правната држава и мирниот соживот меѓу Албанците и Србите. Тоа сега има двојна тежина бидејќи во 2005 година на меѓународно ниво треба да се одлучува за конечниот статус на Косово – за независност или за останување во Србија. Реакциите на Белград по изборот на Харадинај навестуваат како ќе течат преговорите со Србија ако ги води тој. Освен тоа, Харадинај има средства да создаде раздор меѓу Европската унија и САД. Тој располага со одлични контакти во Вашингтон. Американски сенатори во 2000-та дури го следеа на предизборните патувања. Но тогаш што останува од плановите на Брисел ако независно Косово, наводно е прозападно, а во суштина е држава на насилство во која нема место за Србите, Синтите и Ромите, прашува Ноје Оснабрикер.

Весникот Зидојче цајтунг објавува извештај во кој ги пренесува реакциите од Белград и наведува дека српските политичари негодуваат поради изборот на Харадинај. Српскиот премиер Коштуница изјави дека против Харадинај постојат повеќе од 100 обвиненија, а бившиот министер за правда Батич изнел доказен материјал дека Харадинај како командант на УЧК лично сторил 67 а издал наредба за најмалку 267 убиства и оти организирал 400 киднапирања. Српската Влада изборот на Харадинај го нарече провокација. Од друга страна, портпаролот на Петерсен изјави дека изборот е легитимна волја на пратениците. Минатиот месец хашките истражители го сослушуваа Харадинај но исходот од сослушувањето е сеуште непознат, известува опширно за случувањата во Приштина, весникот Зидојче цајтунг.

Останатите германски весници пишуваат за новиот избор на Ангела Меркел за претседателка на опозициската Христијанско демократска унија.

Во Ди Велт читаме: Во ЦДУ И ЦСУ немаат алтернатива за Ангела Меркел. Тоа преставува нејзин тивок триумф бидејќи партискиот конгрес во Дизелдорф остава таков впечаток. Претседателката немора веќе да објаснува дека сака да се кандидира за канцелар, тоа сега само по себе се подразбира. Претседателката во својот долг говор се потруди многу реформи да претстави како големи проекти. Тоа секогаш и успевало таму каде што со погледот на својот живот под неправедниот режим во ДДР изјавуваше што значат вредностите како слобода и доверба. Но секогаш останувало бледо таму каде што во остриот контраст со црвено зелените своите реформи ги фалела како суштински поинакви, констатира Ди Велт.

Ставот на весниикот Фраје пресе е дека овој пат Ангела Меркел почустувала дека мора да настапи потопло и поради тоа настојувала да зборува за мирно и обединето партиско семејство.

Татковина, патриозитизам, семејство, соседство, деца, верување во Бога, тоа е вокабулар битен за партиските следбеници бидејќи им нуди чуство дека се на вистинската страна. Но тој неможе да ја замени конкретната политика, политиката која ги фасцинира избирачите. Особено не во конкуренција со канцелар кого никој неможе да го надмине во патетиката и флоскулите со државничка тежина, кои ако се мора се дури и претерано патриотски, заклучува Фраје пресе.