1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Преглед на германските весници

Коментарите се однесуваат на посетата на Шредер на Кина и на расправата за патриотизмот во Германија

Весникот Ханделсблат нагласува:

Германија сеуште нема политика која би била адекватна на фактот дека Кина е земја во која владее диктатура. А диктатутируте со економски раст се нестабилни и подложни на агресија. Нивната неспособност да ги урамнотежат интересите може да испровоцира страшни немири. И покрај економските аранжмани едно не смее да се заборави, предупредува весникот Ханделсблат, Кина му се заканува на Тајван и освен тоа што сака да има водечка економска улога, се стреми кон најсовремено наоружување, што ја прави уште поопасна. Само американците можат да му парираат на овој неурамнотежен џин. Според тоа, местото на Германија е покрај Америка а не покрај Кина, смета Ханделсблат.

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг односот спрема Кина го става на европско ниво:

Прашањето што го поставува весникот гласи:

Треба ли Европа да го подмачкува економското издигнување на Кина, а освен тоа и да биде снабдувач со оружје на еден експанзионистички режим кој на Тајван често пати му се закануваше со воен удар?

Раководсвото во Пекинг кое спроведува кристално јасна политика на интереси знае како да ја искористи конкуренцијата која владее во Европската унија за наклонетоста на Кина. Канцеларот слушнал дека има поддршка за поголема одговорност на Германија во Обединетите Нации. Италијанскиот престедател кој е исто така во Кина верува дека истото го слушнал за Рим, а тоа е против германските амбиции во Светската организација. Вистината е дека владата во Пекинг не кажува конкретно дека ќе се заложи за постојано место на Германија во Советот за безбедност. Кинезите мамат, кокетираат и ја обвиваат својата надворешно трговска политика во стратегиска перспектива. Од нив може само да се научи нешто, порачува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Берлинер цајтунг заклучува:

Оној кој за Германија бара поголема улога на меѓународен план, мора јасно да стави до знаење до каде се границите на партнерствотото. Не би било лошо и да се потсети дека во Кина годишно се извршуваат десет илјади смртни казни. Пред самоууверениот и непресметлив настап на Кина на надворешната политичка сцена, канцеларот Шредер не би смеел така да молчи. Ако веќе го фали напредокот на Кина, Шредер би морал да ги спомене и нејзините пропусти. Токму министерот за надворешни работи Јошка Фишер минатото лето во Пекинг покажа дека Кина знае да поднесе и критика, пишува Берлинер цајтунг.

Весниците го коментираат и вчера завршениот конгрес на Христијанско демократската унија, на кој се отвори и расправа за патриотизмот.

Во врска со тоа Берлинер куриер прашува:

И треба ли на Германија повеќе патриотизам? Ни треба ли водечка култура? Ќе бидат ли странците подобри германци, само заради тоа што ќе се засолнат над уставот?

Со расправата за патриотизмот унијата на најлош можен начин лови гласови на десниот раб на политичкиот спектар. Убиството на Тео Ван Гог во Холандија под прашалник го става соживотот на културите и во нашата земја. Но одговорот не е повеќе патриотизам и пеење на химната туку пронаоѓање на решение за соживот, порачува Берлинер Куриер.