1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Превентивни мерки против птичјиот грип во Германија

Птичјиот грип ја зафати западна Европа. Утврден е кај 79 диви птици на островот Риген. Пријавени се и два случаи од копно, во покраина Мекленбург Предна Померанија како и една дива патка во Бургундија, источна Франција. Сега треба да се спречи ширењето на вирусот врз домашните животни.

default

Властите на островот Риген во Балтичкотот море, на почеток реагираа споро на појавата на вирусот на птичји грип Х5Н1, по што дојде и критика од највисоко ниво министерот за земјоделство, Хорст Зехофер. Сега почна да се врти машинеријата за превенција од вирусот. Оној кој сака да го напушти островот, од неделата попладне може само доколку миние низ дезинфекција. Специјално обучени вијници на Бундесверот го набљудуваат дотокот на возила на островорт, а пожарникарите пребаруваат можни нови случаи.

На островот Риген во неделата дојде и германската канцеларка Ангела Меркел, во кризниот центар на Риген, за ситуацијата разговараше со екипите кои се на терен

„Моја проценка е дека е сериозно. Но однапред сакам да кажам, дека има многу луѓе кои помагаат, и кои прават се што е можно, за што се однесува до угинатите птици, да ги извршат потребните акции на собирање.“ рече Меркел

Но сликите од главните галеби кои колваат од лешевите на инфицираните лебеди, јасно укажуваат дека не се исклучени сите патишта на можна инфекција. Канцеларката Меркел по средбата со кризниот шртаб потврди дека нема инфекции кај домашните животни

„Сеуште, и тоа е добрата вест, не е утврден случај кај домашни птици. Дотолку мерките кои денеска се преземаат имаат превентивна улога.“

Имено во меѓувреме во посебно загрозените региони на островот во договор со покраинската влада почна убивање на домашните животни, кокошки, патки, гуски и мисирки. Со превентивното убивање на домашните животни како што истакна и Меркел треба да се испрати и сигнал до ЕУ

„..дека не постои никакво пренесување врз домашните птици. Оваа информација функционира, и знаеме дека Германија не е единствената погодена земја и постои добра соработјка со другите европски земји.“

Имено вирусот Х5Н1 е утврден и во Франција, каде и поракј тоа што мината недела трговијата на големо со продажба на птици опадна за 15 проценти, потрошувачите реагираат опуштено.