1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Превентива за она што доаѓа

Светскиот финансиски самит на дваесете најразвиени и земји во подем не ги реши сите проблеми во надминување на глобалната финансиска криза и светската рецесија, но донесе видлив напредок.

default

Резултатот од средбата на шефовите на држави и влади на дваесетте најважни индустриски и земји во подем во Лондон е далеку повеќе отколку само минимален компромис. Напротив, постигнат е напредок кон стабилизирање на финансиските пазари, а се засили и надежта дека ширум светот ќе се стопира негативниот тренд. Тоа што ова успеа има две причини.

Прво, глобалната финансиска криза и светската рецесија не им дозволија на шефовите на држави и влади на Г20 да се загубат во некаква резервираност. Друго, канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози успеаја да се пробијат со своите барања за засилено регулирање на финансиската бранша. Ова најпосле не им успеа само затоа што соодветствува на намерите на новиот американски претседател Барак Обама. Во Лондон Обама веќе не ги изнесе желбите за засилена стимулација на конјунктурата. Многу повеќе, САД ги признаваат значителните напори на европските земји.

Построг надзор

Учесниците на Светскиот финансиски самит се концентрираа на сузбивањето на причините за кризата. Несомнено, тие се лоцирани во пазарните и државните потфрлувања на финансискиот сектор. Лабавите регулаторни системи и затворањето очи на надзорните органи дозволија да се случат екцесите, кои му наштетија на целиот свет. Скандалот може да се лоцира. Одговорни за погрешното однесување се Вол Стрит во Њујорк и Сити

Gordon Brown und Angela Merkel bei G20 Gipfel in London

Гордон Браун и Ангела Меркел на самитот во Лондон

оф Лондон. Таму беа развиени несериозните финансиски продукти, кои ги разубавуваа билансите на банките и примањата на банкарите ги катапултираа во скандалозни височини. Не помалку одговорни се и другите банки, кои ги купуваа и тргуваа со овие производи, а надзорните органи тоа го гледаа. Како последица на ова, во иднина сите финансиски пазари, финансиски продукти и сите учесници на пазарите ќе подлежат на построг надзор. Групата 20 ќе се спротивстави и на искушението протекционизам, кон што се вбројува и ветувањето дека големите индустирски и земјите во подем, нема да ги девалвираат своите валути во обидот да бидат што поконкурентни.

Кон ова се вбројува и тоа што, краткорочно ќе биде удвоена финансиската сила на Меѓународниот монетарен фонд, а среднорочно ќе се зголеми и за трипати, за да може да им пружа помош на земјите-членки кои ќе западнат во финансиски тешкотии. Големите Хеџ фондови како и рејтинг агенциите исто така ќе бидат вклучени во регулирањето, даночните оази нема повеќе да бидат толерирани. Конечно земјите во развој ќе добијат помош, заради што ќе биде подобрена финансиската состојба на Светската банка.

Есапот на Меркел и Саркози е следниов: со оглед на застрашувачките размери на кризата, ситуацијата беше поволна, да се договорат инструменти и постапки со кои во иднина ќе се спречат ексцеси на финансиките пазари. Кога конјунктурата ќе заживее, еланот за реформи ќе спласне.

Автор на коментарот: Карл Завадски

Превод: Александра Трајковска