1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пребројување со темпо на желка

Пребројувањето на гласовите по изборите во Зимбабве, одржани во саботата, оди многу бавно. Причина за опозицијата, која инаку се прогласи за победник на изборите, се‘ погласно да обвинува дека се прават манипулации.

default

И 36 часа по затворањето на избирачките места, од изборите во Зимбабве има многу малку објавени резултати. Според она што официјално се знае, опозицијата и актуелната власт на Роберт Мугабе водат трка рамо до рамо. Сепак, опозицијата тврди дека таа е победник на изборите и дека Мугабе, по 28 години владеење е симнат од претседателската фотелја.

„Нема сомневање. Се наоѓаме пред победа на народот. Ние победуваме на овие избори“, изјави генералниот секретар на опозиционото движење, МДЦ, Тендаи Бити.

Според сопствените пресметки, МДЦ победило во 96 од 128 изборни единици во кои што се пребројани гласовите, а неговиот кандидат за претседател, Морган Цвангираи, освоил 60% од гласовите. Според ваквите наводи, Мугабе има 30% гласови на своето конто. Според Бити тоа значи дека народот го кажал своето и се изјаснил против диктатура.

Изборната комисија досега има објавено дека владеачката ЗАНУ-ПФ на Роберт Мугабе и МДЦ победиле во по 12 изборни единици, од вкупно 210 изборни единици. Претседателот на комисијата, Џорџ Чивеши, изјави дека пребројувањето оди бавно за гласовите да се избројат внимателно.

Наспроти тоа, портпарол на министерството за внатрешни работи во Берлин, соопшти дека одлагањето на пребројувањето на гласовите е несфатливо и отвора низа прашања: „Прво, ни‘ олесни што изборите минаа мирно. Се надеваме дека оваа ситуација ќе остане мирна и апелираме до сите да не се служат со насилство. Извештаите за досегашното спроведување на изборите, сепак, предизвикуваат загриженост кај нас... Тоа за нас е несфатливо. Затоа, сега, прво треба бргу да се пребројат гласовите и да се исклучат манипулации и сојузната влада апелира до одговорните во Зимбабве за брзо и транспарентно пребројување на гласовите“, изјави протпаролот Андреас Пешке.

Давјца набљудувачи на изборите од Јужна Африка изјавија дека одлоговлекувањето ги потхранува сомнежите дека е можен изборен фалсификат. Роберт Мугабе владее со економски уништената земја 28 години и се надева на шести мандат по ред.