1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прв случај на грипот Х7Н9 во Пекинг

Во главниот град на Кина забележан е првиот случај на зараза со новиот тип на птичји грип кај луѓето. Заболено е едно седумгодишно девојче.

Здравствените власти во Пекинг соопштија дека седумгодишното девојче е примено вчера во болница со симптоми на грип, а анализите утврдиле дека станува збор за вирусот од типот Х7Н9. Здравствената состојба на девојчето е стабилна. Таа е ќерка на трговец со живина и се верува дека девојчето било во контакт со заразени животни. Ова е прв случај вирусот Х7Н9 да биде откриен кај луѓе надвор од источните региони на Кина.

Вкупно 11 лица починаа досега како последица од заразување со вирусот на новит тип на птичји грип откако беше откриен во март, а регистрирани се вкупно 44 случаи на заразување.

Метрополата Шангај и источните провинции Жаџијанг, Џијангсу и Ануи досега беа единствените потврдени места на заразата. Кинеските здравствени власти објавија дека ги мобилизирале сите потребни сили низ територијата на целата земја за борба против новиот сој, како и дека се под надзор сите оние коишто биле во близок контакт со лицата за коишто е потврдено дека се заразени со споменатиот вирус Х7Н9. На почетокот од седмицава во извештајот на Светската здравствена организација (СТО), објавен во седиштето во Женева, беше наведено дека се регистрирани повеќе од 530 блиски контакти со 21 лице заразено со споменатиот вид на вирус, како и дека нивната ситуација постојано се следи. „Засега немаме никакви докази за пренесување на овој тип на вирус од човек начовек", се потенцира во соопштението на Светската здравствена организација.