1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прв случај за Меѓународниот кривичен суд

Судот со седиште во Ден Хаг во иднина треба да ги замени ад хок судовите, како оние за воени злосторства во некогашна Југославија или во Руанда, но САД одбиваат секаква соработка со него.

Томас Лубанга во Ден Хааг

Томас Лубанга во Ден Хааг

Историски моменти во Меѓународниот кривичен суд: за прв пат пред неговите судии се најде еден обвинет - Томас Лубанга Ѓило. Првата седница на Судот не значеше и отворање на процес против Лубанга, кој е под сомнение за извршени воени злосторства во Конго. Неговото испитување, при што беа разјаснети само технички прашања – личните податоци и како бил третиран во истражниот затвор – траеше помалку од половина час. Лубанга беше префрлен во петокот во затворот на ОН во Шевенинген, откако претходно една година помина в затвор во конгоанскиот главен град Киншаса.

До почетокот на процесот ќе продолжат истражните дејствија, па обвинителниот акт би можел да биде далеку пообемен од досегашните 4 странички. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Аргентинецот Луис Морено-Окампо го товари поранешниот водач на хема-бунтовниците дека за својата армија врбувал и обучувал деца помлади од 15 години. Тие потоа како вооружена милиција биле ангажирани во борби против непријателските Ленду-бунтовници. Лубанга наводно ги дрогирал децата за потоа да ги принуди да прават неверојатно ужасни дела. Некои од децата, според обвинителот, немале ни десет години.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Ден Хаг започна со работа во јули 2002-ра година. 100 држави го потпишаа договорот за неговото основање, тие и го финансираат, но меѓу нив не се САД. Американскиот претседател Џорџ Буш одбива секаква соработка со тој суд.