1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прв процес за затворениците од Гвантанамо

Американското министерство за одбрана сака да побара смрта казна за шестмина затвореници од Гвантанамо поради нивно учество во терористичките напади од 11 септември 2001 година

default

Процесот под прашалник

Шест затвореници треба да излезат пред судот, бригадниот генерал Тмас Хартман, правен експерт за воени судови во Пентагон за првпат ги изнесе и нивните имиња. Самоубиствените атентати одзедоа околу три илјади жртви, затоа на секој од обвинетите на товар му се става учество во големо злосторство. Косеквенца:oбвинетите можно е да бидат осудени на смрт. Секој ќе одговара за заговор, убиства со крешење на военото право, напад врз цивили и цивилни објекти, свесно нанесување телесни повреди, уништување туѓ имот, тероризам како и материјална поддршка на тероризмот. Најпознатото име меѓу обвинетите затвореници од Гвантанамо е Калид Шаих Мохамед. Бригадниот генерал Томас Хартман вели: "Калид Шаих Мохамед беше шефот на планирањето на нападите од 11 септември 2001 година. Уште во 1996 година му поднесол на Осама Бин Ладен соодветен план и добил поддршка и согласност за нападите. Тој имал увид во сите детали и ги обучувал напаѓачите во сите области од операцијата , во Авганистан и Пакистан.“ Доказниот материјал под прашалник Овие сознанија делумно доаѓаат од испрашувањата на затворениците на Гвантанамо, при кои врз Калид биле применети т.н. робустни методи на сослушување. Дали доказниот материјал добиен со ставањето на обвинетите под вода воопшто ќе биде употреблив пред судот, е големо прашање на претстојниот процес. Најпрво воениот суд мора да реши дали воопшто ќе ја прифати постапката. Досега не постоеше ниеден воен процес во Гвантанамо поврзан директно со 11 септември. Но ако и покрај правните нејаснотии дојде до судска постапка, обвинетите можат пресудата да ја обжалуваат се до Врховниот суд на САД. Значи, ќе поминат години додека правосилно да бидат осудени првите шест обвинети организатори на нападите од 11 септември 2001 година.

►◄