1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Прв голем тест за Бајерн во Лигата на шампионите

Битката за трофејот во Лигата на шамионите фудбалерите на Бајерн Минхен го започнуваат вечерва во Лондон против Арсенал. Но, најголемиот противник на баварците се веројатно тие самите.

Не е случајно тоа што убедливиот лидер на табелата во германската Бундеслига е голем фаворит дури и на тешкото гостување во Лондон против Арсенал. Формата на Арсенал сезонава е во најмала рака променлива и букмејкерите не му даваат големи шанси во битката против германскиот гигант.

Една од главните теми на двомечот е Лукас Подолски. Германскиот напаѓач кој не успеа да се наметне во Бајерн, игра добро за Арсенал. Тој, како и дефанзивецот Пер Мертезакер добро го познаваат Бајерн. Но доброто познавање на Бајерн секако нема да им биде од клучна помош на домаќините во првиот дуел, затоа што на хартија тимот од Минхен е веројатно најдобриот во Европа, по Барселона, и нема некои очигледни слабости.

Најголемиот проблем за Бајерн, всушност, е недостатокот на силни противници во домашната лига, каде со исклучок на Борусија Дортмунд, ниту еден друг тим не претставува сериозен предизвик. Вториот проблем на Бајерн е големиот број на ѕвезди во тимот, кои сакаат да играат. Пример е случајот со Холанѓанецот Арјен Робен кој во вториот дел од сезоната е резерва на Томас Милер по десното крило. Робен минатата недела јавно го изрази своето незадоволство со статусот во тимот, и иако тоа може да биде проблем на долг рок, тренерот Јуп Хејнкес засега успешно ги задоволува големите ега на своите мега-ѕвезди.

Шалке утре во Истанбул

Што се однесува до Арсенал, таму проблемот веќе со години е заминувањето на најдобрите играчи. Сезонава тоа најјасно се гледа по заминувањето на напаѓачот Робин Ван Перси. Арсенал не успеа да најде замена за извонредниот стрелец и покрај добрите игри на Подолски и францускиот репрезентативец Жиру.

Fußball Bundesliga 22. Spieltag 1. FSV Mainz 05 vs. FC Schalke 04

Шалке пред тешко гостување кај Галатасарај

Во вториот вечерашен дуел од Лигата на шампионите на програмата е португалско-шпанска пресметка. Португалскиот првак Порто го пречекува тимот на Малага, кој и покрај финансиската криза во клубот бележи одлични резултати и во домашното првенството и во најсилното европско натпреварување.

Утре ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални дуели. Во Истанбул, Галатасарај го пречекува германскиот Шалке, додека во Милано се очекува големиот дуел меѓу некогашниот гигант Милан и големиот фаворит Барселона.