1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прв говор на Ким Јонг Ун

На 100 годишнината од раѓањето на основачот на државата Ким Ил Сунг, севернокорејската армија покажа сила. За изненадување се погрижи говорот на новиот властодржец Ким Јонг Ун.

Два дена по неуспешното тестирање на ракета, кое беше силно критикувано во меѓународни рамки, новиот властодржец Ким Јонг Ун го оддржа првиот говор на 100-годишнината од раѓањето на основачот на државата Ким Ил Сунг. Новиот лидер пред огромен аудиториум ги пофали својот дедо и татко. Како дел од прославата беше одржана и воена парада на главниот плоштад во Пјонгјанг. Неколку илјади војници маршираа на плоштадот носејќи црвени знамиња во рацете.

Говорот на Ким Јонг Ун, кој траеше 20 минути и го пренесуваше државната телевизија, не донесе нови содржински моменти. „Мора да вложиме максимални напори во јакнење на народната армија за да се посветиме на достоинството на корејската армија и да ја исполниме задачата за изградба на силна и просперитетна социјалистичка држава“, рече меѓу другото Ким. Изненадување е што новиот властодржец воопшто се јави за збор, бидејќи и дедо му и татко му, на вакви слични воени паради не држеа говор.

Според американски медиуми, на парадата била покажана и нова севернокорејска ракета.

Ким Ил Сунг во 1948 година ја основа државата, а две години подоцна тргна во војна со Јужна Кореја. Тој и понатаму важи за „вечен претседател“, а неговото тело е изложено во стаклен ковчег во меморијалната палата Кумсусан. Поранешниот диктатор Ким Ил Сунг почина во 1994 година. Неговиот роденден се смета за највисок национален празник.