1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Прво светско првенство во куглање во Македонија

Започна светското првенство во куглање. Скопје е домаќин на првиот мондијал во поединечна конкуренција. Своевидна историја. 18 земји учеснички, сите кои нешто значат во овој спорт, се во главниот град на Македонија.

Скопје е домаќин на првенството

Скопје е домаќин на првенството

Прв поединечен мондијал. До минатата година, индивидуалните натпревари беа дел од екипните. Во кулгарницата е жестоко, во мечевите еден на еден, без право на поправен. Македонија долго се подготвуваше да обезбеди максимални услови. Еден од иницијаторите на големиот кугларски настан е Александар Атанасовски, во својство и на тренер на македонската селекција. Уверен е во успешноста и организационо и резултатски:

“Светското првенство почнува без проблеми, организациски се тече како што треба, патеките се примени и натпреварите се одвиваат во најдобар ред.Очекувањата на нашите репрезентативци, кои се максимално подготвени, се веќе во денешните квалификациони борби добар дел од нив, ако не и сите, да ги минат квалификациите, а за натаму ќе видиме. Секако дека главни фаворити од нашата репрезентација се Борис Бенедикт како актуелен светски првак, но никако не смеат да се потценат квалитетите на Тодор Манев, Коста Манев, Менсур Ајдин и Дамир Футкар. “

Македонија на последното светско првенство во Романија имаше извонредни резултати. Улогата на фаворит е додатна тежина и обврска кон јавноста. Борис Бенедикт ја брани титулата. Долгогодишниот репрезентативец Тодор Манев, за големиот предизвик зборува со оптимизам. Подготвеноста е еден од адутите:

“Јас од сите нас петмина на ова светско првенство, очекувам освојување на барем еден медал, што ќе биде многу тешко. Куглањето е чуден спорт, бара концентрација, бара максимална физичка подготвеност и ако сите коцки се сложат мислам дека може да се очекува и нешто повеќе. “

Германија е во најсилен состав. Во куглањето е велесила. За очекувањата од куглартницата “Мусандра“, специјално за Дојче Веле зборува Тимо Хохман, тим-лидер, повеќекратен кугларски шампион на Германија, со златни одличја од најголемите светски натпреварувања:

“Мора да видиме каква е жрепката. Од неја зависат многу нешта. Секогаш е така кога мора да се игра од рунда до рунда. Секој противник е тежок. Подготвени сме за победи, но и со сознание дека од секого може да се загуби. Што се однесува до кугларницата, неја веќе ја знаеме. Убава е, нуди одлични услови за натпреварување. “

Значи, првите мечеви се во тек, патот до медалите е долг, води низ неколку рунди. Ова е недела во која куглањето ќе биде врвната спортска тема во Македонија.