1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прво појавување на Салех по операциите

Јеменскиот претседател Салех за првпат се појави во јавноста по серијата операции кои му беа изведени откако беше ранет во претседателската резиденција.

default

Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен, Али Абдулах Салех, првпат откако беше хоспитализиран на 4 јуни, се појави во јавноста со видливи изгореници на лицето и со раце обвиткани во завој. Јеменскиот претседател изјави дека лекарите успешно извршиле осум хируршки зафати, откако бил примен во болницата во Ријад. Салех повика на дијалог во Јемен, но не спомена ништо околу неговото враќање во татковината, ниту пак дали евентуално планира да поднесе оставка.

Салех, кој веќе 33 години е на власт, беше ранет на 3 јуни во експлозија на бомба во џамијата, која се наоѓа во комплексот на претседателската палта, откако кулминираше незадоволството од владеењето на неговиот режим.

Автор: АТ/дв

Редактор: Горан Чутаноски