1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прво пофалба, па обвинување за изборна измама

По парламентарните избори во Пакистан двете големи партии кои претрпеа пораз обвинуваат за нерегуларности при гласањето. Меѓународните набљудувачи оценија дека изборите минале во фер атмосфера.

Овие избори се сметаа за историски: за првпат по независноста на Пакистан во 1947 година една влада по завршување на нејзиниот мандат ќе биде заменета по демократски пат. За тоа пристигнаа многу пофалби од странство. Американскиот претседател Барак Обама го поздрави „ова историско, мирно и транспарентно цивилно предавање на власта“, како „важен  патоказ“ за демократскиот развој на Пакистан. Исто така и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го поздрави овој важен чекор напред за демократијата во земјата.  Најголемата локална мрежа набљудувачи (Фафен) гласањето во саботата, според медиумски извештаи исто така го оцени како „релативно фер“.

Губитниците на изборите се жалат на манипулации

Pakistan Wahlkampf Unfall von Imran Khan

Имран Кан обвинува за нерегуларности

Поинакви тонови два дена по парламентарните избори во Пакистан доаѓаат од двете големи партии кои ги загубија изборите. Крикет легендата Имрам Кан критикуваше дека имало нерегуларности при гласањето. „Во Пунџаб и Синд имаше манипулации“, рече Кан во видеопорака. Тој најави дека деталите за манипулацијата ќе ги објави во извештај. Претходно  го призна поразот на неговата партија Движење за праведност.

Исто така и досега владејачката Народна партија критикуваше за изборна измама во Пунџаб  - најгусто населената провинција во Пакистан. И оваа партија најави дека ќе презентира докази.

Nawaz Sharif 11.05.2013

Мушараф по речиси 14 години повторно на власт

Во Пунџаб Мислиманската лига на екс премиерот Наваз Шариф со огромно мнозинство ги освои изборните кругови. Тоа на партијата и донесе и  висока победа во целата земја. Сега Шариф речиси 14 години откако со воен пуч беше соборен од власта, се наоѓа повторно на чекор до премиерската функција. Тој веќе започна со формирање на влада.

Според првичните резултати од речиси сите изборни кругови конзервативната партија не освои апсолутно мнозинство. Муслиманската лига се надева дека ќе и се приклучат независните кандидати, кои според пакистанскииот весник "Dawn" осовија мнозинство во 27 изборни кругови. Во поинаков случај на Муслиманската лига ќе и биде потребен коалиционен партнер. Движењето за праведност на Имран Кан меѓутоа уште пред изборите најави дека не стои на располагање за коалиција со етаблираните партии.