1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прво договор за добрососедство, па поддршка за Македонија

Предупредувам дека секаква ревизија на бугарската позиција за членството на Македонија во ЕУ е штетна и опасна за националните интереси, изјави за агенцијата Фокус поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Борисов, коментирајќи ја средбата меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот бугарски колега Пламен Орешарски минатата недела во Ќустендил, рече дека враќањето кон политиката на компромиси и отстапки нема да придонесе ниту за давање право на луѓето што се декларираат како Бугари во Македонија, ниту ќе го запре јазикот на омразата, ниту, пак, ќе ги запре националните, етничките и идните територијални претензии.

„Бугарија безусловно треба да ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија и нејзиниот пат кон европските вредности. Таа позиција во никој случај не треба да биде на сметка на националните интереси на Бугарија“, рече Борисов.

Според него, премиерот Орешарски поддршката за Македонија треба да ја услови со потпишувањето на договорот за добрососедство, во кој јасно ќе бидат определени правата и обврските на Македонија.