1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Првомајски протести во светот

И Папата Бенедикт 16-ти се заложи за почитување на правата на работниците

И Папата Бенедикт 16-ти се заложи за почитување на правата на работниците

Синдикати и левичарски политички организации ширум светот по повод 1. мај организираа демонстрации за достоинствени човечки работни услови и против укинувањето на социјалните права.

Во бразилската метропола Сао Паоло, според наводи на полицијата, еден ипол милион луѓе излегоа на улиците. Синдикалните водачи побараа мерки против високата невработеност во таа јужноамериканска земја. Во Сиудад Мексико повеќе десетици илјади работници протестираа против владината политика на приватизација. На околу 350 првомајски собири во Јапонија учествуваа преку 200 илјади луѓе. Судири на демонстрантите со полицијата имеш во Москва, Истанбул и Манила.

Синдикатите се мобилизираа и во земјите на ЕУ.

Во првата јавна неделна молитва како Папа, Бенедикт 16-ти повика да се почитуваат работничките права. Работните услови мора да се уредени достоинствено за луѓето, мора да бидат создадени работни места за младите – рече Папата од прозорецот на својот апартман пред 50 илјади верници на плоштадот Свети Петар во Рим.