1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Првомајските манифестации во Германија под белег на критиката на капитализмот

Синдикатите не се задоволни само со изјавите на претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Франц Минтеферинг; тие бараат даночни и други консеквенции за да се држат во шах претприемачите. Самиот Минтеферинг при настапот во Бохум доживеа да биде фрлано со јајца по него и полицијата со штитови мораше да му дава заштита додека говореше. Според проценките на Сојузот на германските синдикати,

Полицајци го штитат Франц Минтеферинг за време на говорот во Бохум од јајцата со кои фрлаа по него дел од учесниците на собирот

Полицајци го штитат Франц Минтеферинг за време на говорот во Бохум од јајцата со кои фрлаа по него дел од учесниците на собирот

во Германија за повеќе работни места и за социјална праведност демонстрираа севкупно околу 530 илјади луѓе – тоа е над просекот на изминатите години.

Германските синдикати на 1-ви мај ги заострија нападите против менаџерите без социјална свест. Претприемачите кои не инвестираат се виновни за масовната невработеност рече шефот на Германскиот сојуз на синдикатите Михаел Зомер на централната манифестација што се одржа вчера во Манхајм со 7 илјади учесници. Зомер побара од критиката што ја иницира шефот на СПД Франц Минтеферинг да се извлечат и практични поуки. Владините реформи на пазарот на работна сила, според него, во секој случај се погрешен пат: „Актуелната дискусија околу критиката на капитализмот остава место за надеж: сосем е очигледно дека луѓето не дозволуваат да им бидат замаглувани работите. Тие знаат што е гнило во нашата земја. Тие знаат и што е нечесно во нашето стопанство. Тоа важи и за Харц 4. Колку што е точно дека за масовната невработеност не е виновна државата, туку претприемачите кои не инвестираат, исто толку е точно и дека таа политика, која е одговорна за законите, е виновна за судбината на на стотици илјади и милиони луѓе во оваа земја. Критиката за погрешниот развој во нашиот стопански систем, која е на место, дури тогаш ќе ја сметаме за сериозна, кога ќе бидат извлечени и неопходните консеквенции“ – рече Михаел Зомер.

Претседателот на синдикатот на металците ИГ Метал Јирген Петерс во Франкфурт на Мајна зборуваше во уште поостер тон: „Германија има проблем со менаџерите и со функциионерите во претпријатијата“.

Како пример тој ги наведе просечните основни примања на претседателите на управните одбори во големите претпријатија што се нотирани на берзите. Од 2002-ра година тие се зголемени за 11 насто. „Несфатлив е вресокот од стопанството и политиката кога работниците бараат или сакаат да издејствуваат такво зголемување“. И Петерс ја смета за правилна критиката на капитализмот од страна на Минтеферинг и бара по зборовите да уследат дела: „Нужна ни е темелна промена на политиката. Потребна ни е промена на политиката против неолибералната тенденција, потребна ни е промена на политиката за работа и за социјална праведност. За тоа се залагаме ние“ – рече Петерс.

Неговите колеги од ИГ Метал на една друга манофестација во Гелзенкирхен во Рурската област најновиот курс на класна борба на СПД и нејзиниот претседател Франц Минтеферинг го сметаат само за предизборна пропаганда спроти изборите во Северна Рајна Вестфалија на 22-ри мај: „Бесрамно е да се застане и да се рече: ние се грижиме за тоа, да бидат создадени подобри работни места. Сето тоа е само изборна пропаганда. Сета критика на капитализмот на СПД пред изборите, ќе падне во вода по 22-ри мај“ – вели еден синдикалец.