1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Први успеси го гаснењето на пожарите во Калифорнија

*

Во јужна Калифорнија расте надежта за ставање под контрола на пожарите со престанокот на ветровите,кои постојано ги разгоруваа.

Пожарникарите во меѓувреме известуваат за првите успеси во спречувањето на огнената стихија,под контрола се подрачјата кај Лос Анџелес.Пожарите досега предизвикаа штета од околу една милијарда долари само во околината на Сан Диего. Повеќе стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.Загинаа шест лица,а 40 се повредени,главно пожарникари.Американскиот претседател Џорџ Буш прогласи вонредна состојба во Калифорнија.