1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Први траги на истрагата во Лондон

Два дена по нападите во Лондон, се појави второ писмо, во кое друга група ја презема одговорноста за експлозиите. На изјавата објавена на интернет, одгвоорност презема групата од, како што само се нарекуваат, божји војници, “Европска дивизија на брогадите на Абу Хафс ел Масри“. Веродостојноста на изјавата сеуште не е проверена. Инаку, непосредно по нападите, одговорноста веќе ја презеде “Организацијат

default

а на Ал Каеда Џихад во Европа“. Во меѓувреме, истрагата за нападите ги има првите сознанија.

Првите знаци на истрагата околу бомбашките напади во Лондон укажуваат на осомничено лице од мароканско потекло. Повеќе европски полициски и тајни служби се замолени да дадат информации за Мохамед ал Гуербузи, пишуваа денеска “Дејли Мејл“ и “Индипендент“. Тој наводно веќе бил вмешан во нападите во Мадрид во април 2004 година, во кои загинаа 191 лице и во Казабланка, во мај 2003 година, каде имаше 45 загинати.

Според информации на шпанската полиција, Ал Гуербузи бил повеќепати повикан на телефон од Џамал Зоугам, еден од главните вмешани во нападите во Мадрид. Тим на шпанската полиција денеска треба да пристигне во Лондон, но за ваквата вест сеуште нема потврда од страна на лондонската полиција.

Ал Гуербузи, според пишувањето на “Индипендент“ од 1986 година заедно со сопругата и шест деца живее во Велика Британија и поседува британско државјанство. Минатата година се преселил од својот стан во Лондон и заминал за Франција. Тој е осомничен дека е лидер на “Исламистичката мароканска борбена група“, кон која водат трагите од нападите во Мадрид и Казабланка. Ал Гуербузи веќе успеа да побегне во повеќе наврати по, во Мароко издадени налози за негово апсење.

Бакри Мухамед, основач на Лондонската исламистичка група “Ал Мухаџирун“ , во интервју за весникот “Публико“ по нападите во Мадрид во 2004 година, изјави дека напад во Лондон е неизбежен, зашто него го планираат различни групи. Според него, групација со седиште во Лондон, со име “Ал Каеда Европа“ подготвувала тежок напад. Има многу млади луѓе исламисти кои се подготвени како “фриленсери“ да извршат напади по урнекот на Ал Каеда, без притоа да бидат нејзини членови, тврди Мохамед.

Инаку, британскиот премиер, Тони Блер, вчера говорејќи за истрагата што е во тек во врска со нападите и шпекулациите дека автобусот експлодирал по напад на бомбаш самоубиец, изјави:

“Нема апсолутно ништо што укажува дека ова е самоубиство, ниту пак има нешто што укажува на тоа дека таквата претпоставка треба да се отфрли. Можеби е тоа, но можеби е и бомба поставена на некое седиште, или бомба фрлена во движење – овие работи се сеуште отворени во истрагата.“

Во нападите, според наводи на полицијата, досега загинаа најмалку 50 лица, а повредени се околу 700.