1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Први сондирачки разговори за владина коалиција во Берлин

Речиси две недели по парламентарните избори во Германија, денеска (04.10) во Берлин започнуваат првите сондирачки разгвори. На преговарачка маса ќе седнат ЦДУ и ЦСУ наспроти социјалдемократите.

По изборите на 22. септември за Бундестагот во Германија, партиите на Унијата, кои освоија најмногу гласови - 41,5 проценти, денеска ќе ги водат првите сондирачки разговори со социјалдемократите, кои добија поддршка од 25,7 проценти од избирачите.

Во Берлин вкупно 21 претставници на ЦДУ, ЦСУ и СПД ќе ги разгледуваат шансите за официјални коалициони преговори. Од оваа средба не се очекуваат детални договори.

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека ќе се водат фер разговори за формирање влада. Министерот за финансии Волфганг Шојбле во едно интервју потврди дека со партиите на Унијата нема да има покачување на даноците. Ова било заедничка линија на Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната партија.

Шефот на социјалдемократите Зигмар Гарбриел повика на темелни преговори. Тоа има предност пред брзината, рече Габриел за „Зиддојче цајтунг“.

Најголема спорна точка меѓу Унијата и СПД е и натаму прашањето дали овие две партии треба да водат коалициони преговори или не. Меѓу социјалдемократите, имено, има големи задршки од формирање на нова голема коалиција со Унијата.

Математички, СПД заедно со партиите на Зелените и на Левицата, би имале тесно мнозинство во Бундестгот. Социјалдемократите, меѓутоа, уште пред изборите категорично ја исклучија можноста за коалциирање со Партијата на левицата.