1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Први слободни претседателски избори во Египет

15 месеци по соборувањето на долгогодишниот властодржец Мубарак, во Египет се одржуваат првите слободи претседателски избори. За 12 кандидати гласаат 50 милиони граѓани со право на глас.

Меѓу кандидатите со најголеми изгледи се вбројуваат поранешниот шеф на Арапската лига и екс министер за надворешни работи Амр Муса, поранешниот член на Муслиманското братство-Абдел Монеим Абол Фотух, поддржуван од радикално- исламистичките салафисти и последниот премиер во времето на Мубарак, Ахмед Шафик. Добри шанси му се припишуваат и на Мохамед Нурси од Муслиманското братство, чија партија доби најголема поддршка на неодамнешните парламентарни избори.

Неблагодарни прогнози

Дури и добро упатените набљудувачи се воздржани со прогнозите за исходот од изборите во најбројната земја во арапскиот свет. Поради големиот број на кандидати меѓутоа се очекува, дека ниту еден кандидат нема да го освои неопходното мнозинство од 50 проценти гласови во првиот круг на изборите.

Die fünf aussichtsreichsten Kandidaten der Präsidentschaftswahlen in Ägypten

Ахмед Шафик, Хамдеен Сабахи, Амр Муса, Мохамед Мурси, Абдел Монеим Абол Фотух, петмината најизгледни кандидати

Одлуката најверојатно ќе падне на 16. и 17. јуни во вториот круг, во кој ќе се пласираат само двајцата кандидати со најмногу освоени гласови. Новиот египетски претседател треба да стапи на должност на 1. јули, со што треба да заврши шест децениската доминација на војската. Какви овластувања ќе има новиот египетски претседател засега е неизвесно, со оглед на тоа што претстои реформа на уставот.

Големо обезбедување на изборите

Долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак беше соборен од власт во февруари мината година по повеќенеделни масовни протести, по што власта ја презеде Воен совет. Сите досегашни претседатели на Египет потекнуваа од армијата.

Мубарак, неговиот син Гамал и други поранешни функционери, според соопштение на египетската изборна комисија, нема да смеат да гласаат.

За да се спречат евентуални акти на саботажа и насилство, уште вчера беа распоредени војници и полицајци пред важни државни објекти. Училиштата ќе бидат затворени во текот на двата дена кога се одржуваат претседателските избори.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле оцени дека гласањето има историска важност за арапската земја. „Луѓето во Египет за првпат во историјата на земјата можат демократски да го изберат шефот на државата“, изјави Вестервеле во Берлин. Тој истовремено го потсети Воениот совет на даденото ветување дека до крајот на јуни ќе биде предадена власта, и очекува дека овој план ќе се реализира.