1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Први реакции на предлогот на Нимиц

Македонскиот државно - владин врв го разгледува синоќешниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција околу името.

default

Поранешна средба на македонскиот државен врв со медијаторот Нимиц

Република Македонија (Скопје) тое е компромисното име со кое амбасадорот Никола Димитров се враќа во Скопје. До крајот на денот претседателот и премиерот ќе имаат први консултации. За Црвенковски и Груевски велат извори од нивните кабинети, клучно е на каков начин Стејт департментот ќе гарантира зачувување на името Македонец и придавката македонски како белези на националниот идентитет. Не е исклучено утре да се свика лидерска средба по која министерот Антонио Милошоски со изграден одговор ќе патува во Словенија на финалето од преговорите со својата грчка колешка Дора Бакојани.

Прва реакција на Андов и Петковски

Најновиот предлог за меѓународно име е Република Македонија (Скопје). За сличен предлог расправаше македонскиот парламент во 1993 година, но тогаш предлогот од британскиот посредник Роберт о’ Нил беше отфрлен од Атина, а не беше прифатлив и за дел од тогашните претеници на ВМРО ДПМНЕ како и на партијата на Стојан Андов. Денеска првиот спикер на Собранието Андов, со став на поддршка за воков можен расплет во грчко - македонските преговори. „Македонија нема интерес да ја пропушти оваа шанса сега. Пропуштањето на шансата во Букурешт земјата да стане членка на НАТО, ќе биде директно против интересите на државата и на македонскиот народ.“

Шефот на НСДП, Тито Петковски пак смета „Ставот мој и на НСДП е јасен. Ние сметаме дека Македонија треба или да бидам многу покатегоричен, Македонија мора да ја искористи оваа шанса, Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса. Го имаме меѓународното јавно мислење на наша страна. Мислам дека Грција и после долго време почувствува дека игра на погрешна карта ако ја измачува Македонија и НАТО. Значи имаме подготвеност за компромис“ смета Петковски кој пред три дена, на Конгресот на неговата НСДП, којашто е дел и од владата изрази подготвеност за компромисно име ако е тоа услов за влез во НАТО.

Важно е Македонија да добие покана за НАТО

Албанскиот политички фактор ги одреди своите приоритети: Влез во Алијансата по секоја цена. Рафиз Алити од ДУИ, спореше со вчерашната теза на премиерот дека Македонија може да чека и една деценија за нова шанса за НАТО, но владата не би го менувала уставното име, како што вчера изјави премиерот Груевски. Денеска Алити потпретседател на опозициската ДУИ коментираше „Македонија не може да чека десет години како што рече премиерот. Ние сметаме дека ја поддржавме оваа влада, ќе ја поддржуваме и понатаму, но треба да се преговара во правец да се најде решение. Многу е важно Македонија да добие покана за НАТО.“

Официјалните реакции за најновиот предлог на Нимиц, име со географска одредница Република Македонија (Скопје) ќе се чека најверојатно по средбата на државниот врв. Во меѓувреме заседаваше Синот. МПЦ нема да прифати никакво решение кое ќе го загрози националниот идентитет. Владиката Тимотеј изјави дека црквата нема мандат да решава за предлогот на Нимиц. Вечерва се очекува и бизнис заедницата собрана околу Сојузот на стопански комори да расправа околу името и влезот во НАТО.

DW.COM