1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Први реакции на веста за смртта на Слободан Милошевиќ

Урсула Пласник и Хавиер Солана

Урсула Пласник и Хавиер Солана

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Салцбург рече дека „ смртта на секој човек секогаш е момент на жалост. Јас лично имав многу, многу тешки контакти и односи со Милошевиќ. Се надевам, во ова прво реагирање, дека овој досегашен настан ќе послужи за тоа Србија и Црна Гора дефинитивно да се свртат кон гледање во иднината“ – изјави Солана.

Актуелниот претседавач со министерскиот совет на ЕУ, австрискиот министер за надворешни работи Урсула Пласник по повод смртта на Милошевиќ изјави: „Заминувањето на секој човек е само по себе тажно. Во политичка смисла, меѓутоа, ова не е промена, оти регионот и особено Белград треба да се соочат со наследството од минатото, чиј дел беше и Милошевиќ“.

Министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ рече: „Тешко ми е да го коментирам ова, оти Слободан Милошевиќ лично нареди толку убиства на припадници на мојата и на други опозициони партии во Србија. Тој е виновен и одговорен оти тој ги нареди убиствата на моите најблиски соработници, на членови на моето семејство; тој неколку пати наредуваше и јас да бидам убиен. Жал ми е што му се судеше во Ден Хаг и што за сето што му го направи на нашиот народ не му се судеше пред се’ во Белград“.

Смртта на Милошевиќ доаѓа во многу незгоден момент за судот во Хаг, кој на тој начин не успеа да го заврши својот главен случај, што инаку се предвидуваше да биде завршен за неколку месеци, изјави Ричард Голдстоун, поранешен судија на Трибуналот. Според него, ваквиот епилог на судењето против воените злосторници од поранешна Југославија е неуспех за Меѓународниот суд, оти остануваат неказнети сите воени злосторства, етнички чистења и стотици илјади жртви од војните во Босна и Херцеговина, Хрватска и на Косово. Разочарувањето е уште поголемо оти во рацете на судот се’ уште не се поранешните лидери на босанските Срби Рартко Младиќ и Радован Караџиќ.

Стивен Кеј, еден од адвокатите на Слободан Милошевиќ, службено доделени од Судот, вели дека поранешниот југословенски и српски претседател не би извршил самоубиство, оти бил решен да го издржи судењето до крај. Кеј вели дека неодамна на оваа тема разговарал со Милошевиќ, во чија семејна историја стои фактот дека неговите родители своевремено извршија самоубиство.