1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Први мај не е ден за скари, туку за протести

Дали синдикатите во Македонија преминуваат во партиски елитисти и зошто владата не ги респектира како моќен трет социјален партнер?

default

Наместо безгрижен пикник, страв за работните места

Македонската економија влегува во рецесија - драматично објави Народната банка на Македонија. Во март е забележан пораст на невработеноста од 5.5 насто, во однос на истиот период лани. Нема полоши и попесимистички информации, објавени на Први мај, денот на трудот.

Во вакви услови, македонските синдикати се затечени. Работниците на улица, тие во канцеларии. Лани за први мај шетаа низ скопскиот парк. На овогодишниот синдикален празник апстинираат и од тоа. Еден од главните синдикални лидери, Ванчо Муратовски, изјави дека донеле таква одлука поради актуелната ситуација и не сакале уште повеќе да ја дестабилизираат состојбата во земјата.

Повеќе на оваа тема можете да слушнете во прилогот подолу!

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев