1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Први мај - Германија

Претседателот на германското Здружение на синдикатите Михаел Зомер денеска остро ја критикуваше голамата коалиција во Берлин. Неопходно е значително покачување на платите за и работниците да можат да профитираат од добрата состојба на германското стопанство. Тој исто така го повтори барањето на синдикатите за воведување минималец. Милиони луѓе во Германија работат за прениски надници од кои не можат да го прехранат семејството – порача Зомер.

Курт Бек, претседателот на СПД како помал коалиционен партнер, порача дека неговата партија и понатаму ќче се залага за вовоедување минималец за одделни бранши. Од редовите на владеачката Христијанско демократска Унија меѓутоа стигна одбивање за ваквите барања.