1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Први лекции од катастрофата во Азија

Коментар на Кристоф Хајнцле

Природните катастрофи како земјотресот во Азија кој предизвика огромни поплави, за човештвото се непредвидливи. Па сепак, во меѓувреме се знае дека соодветен систем за предупредување по земјотресот ќе беше во состојба да предупреди многу луѓе од водната опасност. За Пацифичкиот Окен таков систем постои, за Индискиот Океан и неговите азиски крајбрежни држави дури сега е на дневен ред.

За избезумениот рибар од брегот на Мадрас, оваа трагедија е тешко разбирлива. Тој разбра за големата катастрофа што ја предизвика земјотрес оддалечен од него 2 илјади километри. Тој слушнал за големи морски бранови на кои им требаа два часа да стигнат од индискиот брег. И притоа ја има сликата пред очи како огромните брегови вода незадржливо го мелат неговиот мал брод, без никаква можност да ги избегне. Сигурно, овој рибар се прашува: зошто никој не не предупреди? На оној што го регистрирал потресот, сигурно му биле јасни и последиците, или? Но, сознанијата и науката се едно, ефикасното информативно поврзување и функционални планови за вакви несреќи нешто сосема друго. Природните кататстрофи му ги покажуваат границите на човекот. Постојано. Дали лавини, земјотреси или поплави: природата го разурнува она што го создал човекот. Навидум, тој не може ништо да направи против тоа и да ги насочи сите сили да се спаси. Но, дали човекот е вистина толку немоќен?

Секако, многу катастрофи не може да ги спречи, но затоа може да ги ублажи последиците. Тоа важи и овојпат. Вистинската информација во вистинско време, бргу проширена и спроведена ќе спасеше многу животи, пред се во Индија. Земјата со милијарда луѓе технолошки е брилијантна. Се користи меѓународно признат сателитски систем за предупредување од опасноста од тајфуни. Но, поплавата од Југоисточна Азија ја изненади Индија. Во Индискиот океан недостига систем за предупредување од цунами. Сега секој сака да го има, пред се Индија. Но, за десетици илјади ќе биде прекасно, ако и воопшто се случи да го има. Секако, тоа има и причини кои не можат едноставно да се прескокнат: во региот како Јужна Азија каде што владеат недоверба и политички недоразбирања, регионалната соработка и координцаија секогаш тешко се одвивала. Дури и во Индија таквите чекори тешко се реализираат, иако политичарите побрзаа со сочувствата, отпишувањата долгови или со ветувања чие остварување потоа најчесто пропаѓа. Последиците се еднакви на катастрофата од последното цунами.

Кристоф Хајнцле