1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Први германски реакции на холандското „не„

Јасното не на Холанѓаните за европскиот устав ја продлабочи кризата во Европската унија, но претседеталката на ЦДУ Ангела Меркел се изјасни за продолжување на процесот на ратификацијата. Министерот за надворешни работи Јошка Фишер со став дека ЕУ мора да најде нов пат за да ги постигне целите од уставот:

Во првата реакција по холандското не за европскиот устав, кандидатката за канцелар на партиите на Унијата ЦДУ-ЦСУ Ангела Меркел изјави:

„Тоа значи дека конечно мораме да ги стесниме границите на Европа. Тоа значи дека мораме да ја окончаме огромната бирократија. Тоа исто така значи, дека не смееме да си играме со пактот за стабилност, туку еврото да го одржуваме стабилно„.

Министерот за надворешни работи Јошка Фишер пак, предупредува:

„Повеќе нешта зборуваат дека треба да влеземе во фаза на пауза, што ќе значи друг пат за проширената унија. Светот нема да не чека нас. Предизвиците пред кои се наоѓаме ние Европејците дома, како и улогата на Европската унија во надворешната политика, ќе бараат многу напори од нас„.