1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Први апсења по уривањето на фабриката во Бангладеш

По уривањето на фабриката во Бангладеш, полицијата упаси двајца менаџери и двајца инженери. Тие се соочени со обвинение за убиство без предумисла. Во меѓувреме, бројот на загинати во несреќата се искачи на 340.

Премиерката на Бангладеш само што најави дека одговорните ќе се соочат со правдата, а веќе се уапсени четири лица. Според полициски наводи, станува збор за двајца мажи кои управувале со текстилната фабрика во објектот што се урна пред неколку дена, како и двајца инженери. Во времето на уривањето на објектот во зградата имало околу 3000 луѓе. Како исчезнати се‘ уште се водат околу 900 лица, па се стравува дека бројот на загинати и натаму ќе се зголемува.

Во Бангладеш, во меѓувреме, се појави филмски материјал од осумкатната зграда кој датира од средата. На него се гледаат пукнатини на ѕидовите и во

Bangladesch Rana Plaza Einsturz 27.04.2013

Роднини на луѓето кои се водат како исчезнати со нивни фотографии в раце чекаат во околината на урнатата зграда

бетонот на подот и прикажано е како полицајци ги набљудуваат оштетувањата. За критичарите е јасно - најстрашната несреќа во историјата на индустријата во земјата можела да биде спречена. Но, одговорните не ги послушале предупредувањата да го испразнат објектот.

Очајот не може да се опише со зборови. Се‘ уште стотици луѓе се водат како исчезнати. Семејствата со фотографии на исчезнатите се во близина на местото на несреќата и на колена ги молат спасителите да трагаат и натаму: „Си ја сакам сестра ми назад, жива или мртва, ве молам помогнете ми“, моли една жена.

Спас по три дена

По уривањето на зградата спасувачите и натаму прават напори да најдат преживеани под урнатините. И се случуваат и чуда - иако катастрофата се случи во средата, беа спасени повеќемина. Екипите за спасување се обидуваат преку дупките во остатоците од објектот да ги снабдат со вода и кислород луѓето кои се затрупани. Трка со времето.

Bangladesch Tote bei Einsturz von Textilfabrik 24.04.2013

Спасени се повеќемина

Со тагата се‘ повеќе се меша и бес. Илјадници текстилни работници вчера (26.04) излегоа на протести во главниот град Дака. Некои беа вооружени со палки и камења. Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера. Она што ги поврзува мирните и насилните демомнстранти е лутината поради тоа што нема безбедност на работното место. Бесот кон сопствениците на фабрики е огромен, но тој е насочен и против земјите кои вршат нарачки. Демонстрантите бараат казна за сите што се одговорни за катастрофата.

Bangladesch Rana Plaza Einsturz Demos 26.04.2013

Демонстрантите се бесни и очајни

Бангладеш е втор по големина извозник на текстил во светот. Шеесет проценти од пратките одат за Европа. Не е првпат да се слушаат барања и западните земји кои нарачуваат текстил од Бангладеш да внимаваат на безбедносните услови во фабриките. Во ноември минатата година, во пожар во една фабрика во Дака, загинаа повеќе од 100 луѓе. Секогаш по вакви несреќи има многу дискусии и ветувања, но во основа не се менува ништо, нагласуваат критичарите.