1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Првиот македонски суперкомпјутер

Младите докторанти од Универзитетот за информатички науки во Охрид со помош на професори конструираа суперкомпјутер. Тој може да извршува 3 трилиони операции во секунда, а чини колку еден просечен автомобил.

default

Првиот македонски суперкомпјутер

Со овој систем Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле “ ја внесува Македонија во трката за создавање на компјутери со супервисоки перформанси. Во трката за Формула 1 влегуваме со Фиќо, но тоа уникатно подготвено Фиќо ќе ни даде искуство наскоро да направиме супербрз болид , вели асистентот Атанас Христов кој беше дел од тимот: „Компјутерот е нов кај нас. Ние не можеме да се споредуваме со компјутерите кои се употребуваат во САД, Европа и Кина.Но претставува чекор напред во оваа област. Ова е прв систем во Македонија. “

С о малку пари – револуционер проект од ИТ технологијата

Mazedonien Entwicklung eines Supercomputers

Јасна Тренгоска, Атанас Христов и Рахим Исламоски(во средина) се дел од тимот кој учествуваше во констурирањето на суперкомпјутерот

Суперкомпјутерот е направен со многу мал буџет за разлика од конструираните ни открива Христов:„ За разлика од светските суперкомпјутери коишто чинат и по неколку милиони евра, овој компјутер чини само петнаесет илјади евра. Деловите коишто се употребувани во изработката може да се најдат во било која продавница за компјутери. “

Јасна Тренгоска е студент на втора година и беше меѓу петте избрани студенти кои за неполни пет месеци го создадоа македонскиот суперкомпјутер: „ Не ни сонував дека еден ден ќе работам на еден ваков проект и дека за толку кусо време ние студентите ќе се обучиме до тоа ниво да стекнеме знаења во една ретка област која посебно во Македонија не е се‘уште развиена , како што е паралелното програмирање.“ Кадрите кои ќе се профилираат за паралелно програмирање во светот се добро платени и барани, а во Македонија се реткост.

Моќта на компјутерот е три трилиони операции во секунда

Jasna Trengoska

Јасна Тренгоска е студент на втора година на универзитетот во Охрид

Студентот Рахим Исмаилоски сликовито ни ја откри моќноста на суперкомпјутерот: „ Компјутерот ја има моќта од 3 терафлопи, значи три трилиони операции во секунда. Тоа би значело во една секунда дури 500 пати да се преборјат сите жители на земјата . “

Штом се обелодени дека е создаден суперкомпјутер и во Македонија во јавноста имаше поделени мислења, вели Јасна: „Досега имаме поддршка од колегите од Универзитетот, но и од останатите универзитети во Македонија , а и од повеќе фирми на кои ние би им ги понудиле нашите услуги или можноста да го користат суперкомпјутерот за нивни потреби. “

Многу процеси ќе бидат олеснети со помош на суперкомпјутерот

Atanas Hristov

Атанас Христов е асистент на универзитетот во Охрид

Суперкомпјутерот би имал широка примена, на пример во метеорологијата, додава Христов : „ За следење на временските промени, како се движат ветровите, снеговите и слично. На пример за следниот попис за обработка на информации од различни градови. И доколку се пуштат на обработка на обичен компјутер би одзело неколку недели , а можеби и еден месец. Ако тие податоци ги пуштиме да се обработуваат на суперкомпјутерот тоа би одзело неколку часа или еден ден .“

Супер компјутерот е базиран на кластер технологија со вкупно 48 компјутери и еден сервер или вкупно 250 компјутерски јадра. Освен што е брз е и економичен, во иднина студентите сами би го одржувале. Во 2011 година е планирано да се додадат поголем број графички процесори со најниска цена кои ќе ја зголемат брзината на системот за шест пати.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Жана Ацеска