1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Првиот ден од самитот на ЕУ не донесе никаков напредок за клучната тема – реформата на ЕУ

Канцеларот Ангела Меркел, претседавач со Советот на ЕУ, на 1. ден на самитот на шефови на држави или на влади ги поднесе своите предлози за спасување на сржта на уставот - сега во форма на договор за реформа на Унијата

default

Од самитот во Брисел: Штајнмаер, Меркел и Барозо

Никој сериозно не можеше ни да очекува веќе на првиот ден да се изнајде решение. Полска и Велика Британија опстојуваат врз задршките спрема нацрт-уставот поднесен од германското претседателство со Унијата. “Сега треба да се доведат во разумен баланс мислењето на мнозинството и желбите на поединечните земји. Вечерната дискусија покажа барем дека постои широка политичка волја за тоа, па треба да сочекаме дали ова ќе биде преточено и во резултат” – оцени Ангела Меркел.

За Полска суштинско прашање е начинот на гласање при донесување решенија во иднина. Претседателот и премиерот, близнаците Качински, со сите сили се противат на предложеното двојно мнозинство, со кое ќе опадне влијанието на помалите земји при гласањето. Ана Фортига, министер за надворешни работи, синоќа во Брисел јасно и гласно кажа: “Нашата позиција е многу силна. Таа е пофер и поправедна отколку предложеното во нацрт-уставот”.

Премиерот Јарослав Качински како аргумент ја наведе дури и германската вина за војната – тој побара во одредувањето на уделот на гласови да бидат засметани и полските жртви во војната, што наиде на жестока критика. Претседателот на Европскиот парламент Ханс-Герт Петеринг се побуни што се користат такви аргументи во 21-от век и на полската влада и’ порача: “Во моментов Полска ја доживува вредноста на европската солидарност. Денес е секој повикан и да покаже солидарност со своите партнери и да го одбере патот на меѓусебно согласување. Солидарноста не е еднонасочна улица.”

Ако пропадне реформата на европските договори, парламентот нема да даде согласност за проширување на Унијата со нови членови. Според Петеринг, исклучок може да биде само Хрватска.

Отпор спрема европскиот устав има и кај Британците. Премиерот Тони Блер бара право на вето во областа на правосудството и безбедноста, а Британија има задршки и во однос на предвиденото вклопување во уставот и на европската Повелба за основните права. Лондон страхува дека од тоа ќе произлезе вмешување во националното право, се противи правото на Унијата да биде над националното право, и не се согласува функцијата што сега ја врши Хавиер Солана да се унапреди во министер за надворешни работи на Унијата.

Денеска самитот продолжува. Според предвидувањата, напорите за изнаоѓање компромиси во спорните прашања можеби ќе потрајат до сабота рано изутрина.

Анке Хагедорн