1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Првиот ден во знакот на Русите

Русија со добра игра заслужено го победи аутсајдерот Чешка. На првиот ден од УЕФА ЕУРО 2012 домаќинот Полска пак, одигра нерешено со Грција.

Почеток по мерка за руската репрезентација - со јасна победа од 4:1 (2:0) против Чешка, Русите се во врвот на групата А на Европското фудбалско првенство. Најдобар играч во рускиот тим беше Алан Џагојев, кој постигна два гола. Сепак, и покрај јасниот краен резултат, натпреварот можеше да заврши и поинаку. На стадионот во Вроцлав Чешка од почеток беше послабиот тим. Русија по почетното прилагодување, брзо наметна темпо. Првиот гол падна во 15. минута. Алан Џагојев донесе предност за Русија, која брзо беше зголемена

Fussball Russland Tschechien Breslau UEFA EURO 2012

Алан Џагојев постигна два гола

со уште еден гол на Роман Широков. Веднаш по паузата изненадувачки беше постигнат голот кој значеше и можност за враќање на Чешка во игра - на 2:1 намали Вацлав Пилар. Чесите играа подобро во одбраната и успеваа да се одбранат од Русите кои делуваа малку уморно и гаѓаа кон чешкиот гол само од далечина. Чесите имаа повеќе шанси, што веројатно беше пресудно за Русија да се разбуди и да биде постигнат голот по кој беше се‘ јасно. Во 79. минута Џагојев го постигна својот втор гол, а судбината на Чесите беше запечатена со најубавиот гол на денот постигнат од Роман Пављученко, кој од 14 метри далечина гаѓаше во аголот на голот на Чех.

Првенството инаку со меѓусебен дуел го отворија домаќинот Полска и репрезентацијата на Грција. Се разделија со нерешен резултат 1:1 (1:0). Додека Грција се потпираше врз дефанзивна игра, Полјаците правеа напори да

Fussball Polen Griechenland Warschau UEFA EURO 2012

Полјаците се измачија со Грција

дојдат до шанса со брзи комбинации, пред се‘ преку нивната доминантна десна страна, каде играат Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски. По неколку опасни акции, во 17. минута Левандовски го постигна единствениот гол за Полска. Иако полската репрезентација и натаму ги имаше цврсто уздите в рака, не успеваше своите акции да ги круниса со гол. Грција пружаше отпор, а пред паузата остана и со играч помалку - Сократис поради повеќекратни фаули доби црвен картон. Само неколку минути по почетокот на второто полувреме, новиот играч во тимот на Грција, Димитриос Салпингидис, успеа да изедначи на 1:1. Натпреварот не беше провкласен, но во продолжението и двете екипи имаа шанси, кои останаа неискористени. Драматично беше на 20 минути пред крајот кога беше досуден пенал за Грција,а голманот на Полска Шчесни доби црвен картон. Но капитенот на Грција Јоргос Карагунис не успеа да даде гол.