1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прва средба на Груевски со Пападимос во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска (01.03) во Брисел треба да се сретне со грчкиот премиер Лукас Пападимос, на маргините на Самитот на ЕУ. Средбата е на иницијатива на Груевски.

default

Македонскиот премиер Никола Груевски

Груевски пред повеќе од еден месец иницира средба со Пападимос со цел продолжување на дијалогот по период на подолга стагнација. Пападимос ја прифати иницијативата и предложи средбата да се одржи во Брисел.

Ова ќе биде прв состанок Груевски - Пападимос, по серијата средби што ја имаа македонскиот премиер и поранешниот претседател на грчката влада, Јоргос Папандреу, од која последната се одржа во март лани.

Lucas Papademos Treffen EU Finanzminister Brüssel

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Премиерот Груевски денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на лидерите на Европските народни партии, најголема политичка сила во Европскиот парламент. На средбата на лидерите на европската десница што вообичаено се одржува пред секој самит на ЕУ, ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Франција Франсоа Фијон, на Шпанија-Мариано Рахој, на Шведска-Фредрик Реинфелт, на Унгарија-Виктор Орбан, на Словенија-Јанез Јанша, како и повеќе лидери на десничарски партии меѓу кои и поранешниот италијански премиер Силвио Бeрлускони и лидерот на грчката Нова демократија Андонис Самарас.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска