1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прва соларна централа во Македонија

На површина од 2 хектара во скопската Општина Илинден ќе се гради првата поголема соларна централа, со моќност од 1 мегават. Производството на т.н. „зелена енергија“ станува вистински тренд во Македонија.

default

Македонија според големиот број сончеви денови има одлични услови да ја подобри својата енергетска состојба

Македонскиот претставник фирмата Алтернатив енерџи- М која е дел од германската лидер компанија на полето на обновливи извори на енергии Блуенерџи –еј-џи ја чека дозволата за градба од Министерството за транспорт и врски во населеното место Ајватовци да започне изградбата на првата поголема соларна централа во Општина Илинден и Македонија. „Имаме добра соработка со општинските власти и подготовките кои започнаа во мај 2009 се при крај“, потврдува за Дојче Веле, Ратко Станојковски претставник на Алтернатив Енерџи- М. „Инвестицијата не е баш мала преку 3 милиони и 200 илјади евра,плус треба да се направи и далекуводот што ќе го поврзе со енергетскиот систем на ЕВН. Затоа ние имаме добиено согласност да се поврземе таму по изградбата на делекуводот и централата,да бидеме приклучени на мрежата на ЕВН‘‘.

Соларната централа по технологијата на германската Блу Енерџи-Еј-Џи

Станојковски вели дека планираат изградбата да ја направат за минимални два месеци со фотоволтични панели кои ги изработува германската фирма Блуенерџи-еј-џи и појаснува „Кога ќе почнеме со градење,имаме комплетно автоматизирани машини кои врз основа на проектот има точни координати кои ги поставува панелите во најповолна положба за максимално да се искористи сончевата енергија‘‘. Електроинженерот Станојковски подетално ни ја појаснува технологијата на работа на поликристалните панели кои сончевата енергија дирекно ја претвараат во електрична енергија. „Значи се добива електрична енергија која со помош на уреди инвертори се претвора во наизменична и се ускладува во мрежниот напон на дистрибутивната мрежа.Значи се вклучува постепено да не настанат удари во мрежата и кога снемува сончева енергија постепено се исклучува за да исто така не дојде до удари или престанок на електричната енергија‘‘.

Соларната централа од 1 М W ќе опслужува околу стотина семејства и неколку помали фирми

Solar- und Windanlagen in der Ukraine

Македонија сака максимално да го искористи сонцето

Во Општина Илинден веќе има поставени мали соларни уреди на објектите на некои институции и домаќинства со помала моќност со низок напон од 30 до 50 киловати. Првата соларна централа е со висок напон поради што мора да се изгради и делекувод поврзан во мрежата на ЕВН. Соларната централа во Ајватовци со моќност од 1 мегават може да опслужува околу стотина семејства вклучувајќи и помали фирми, за овој поширок регион, проценуваат експертите. Од Алтернатив Енерџи- М потенцираат дека тие планираат и изградба на уште неколку вакви соларни централи на овој простор, но и во други региони во Македонија,а за кои постојат соодветни услови поради големиот број сончеви денови.

Изградба на електрана на биомаса за деновите без минимална сончева енергија

Интересно е што од Алтернатив Енерџи- М размислуваат и за изградба на електрана на биомаса како алтернативи за деновите кога нема доволна сончева енергија за работа на соларната централа,најавува нивниот претставник. „Планираме за оној период кога нема сончеви денови да изградиме една електрана на биомаса.Планираме таа нова инвестиција понатаму да се изгради во тој дел на Општина Илинден. Општина Илинден максимално ги подржува сите проекти што водат на зачувување на екологијата,таков е и проектот за изградба на соларна централа, потенцира Ристо Томовски портпарол на Општина Илинден. „Реализацијата на целиот овој проект е од големо значење за Општина Илинден,затоа што се добива производство на енергија без штетни емисии,а и се подобрува енергетската состојба во регионот‘‘.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски