Прва победа Хамбургер во последниот настап во Лигата на шампионите | Теми | DW | 07.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Прва победа Хамбургер во последниот настап во Лигата на шампионите

Комплетиран е списокот на учесници во вториот круг на Лигата, како и на екипите кои ќе учествуваат во Купот на УЕФА

Тренерот на Хамбургер Дол и играчот Гереро

Тренерот на Хамбургер Дол и играчот Гереро

Со преполовен тим, во кој поради повреди недостасуваа седуммина фудбалери, Хамбургер ја совлада ЦСКА од Москва со 3 спрема 2 и на своите навивачи по 241 ден конечно им овозможи да прослават една победа. Гостите на два пати водеа, Хамбургер пресврт направи во последните 6 минути кога постиогна два гола, играјќи притоа и со играч помалку: Атуба при замената во второто полувреме направи неспортски гест спрема публиката која протестираше, па доби црвен картон од судијата и го остави тимот 32 минути на цедило. “Доживеав многу емоционални моменти во овој натпревар, но не станува збор толку многу за мене, туку дека повторно доживеавме успех. Се разбира, се радувам поради тоа” – рече по средбата тренерот на Хамбургер Томас Дол.

Во истата Г-група Порто и Арсенал играа нерешено 0 спрема 0, па Арсенал го задржа првото место со 11 бодови, колку што има и Порто. ЦСКА како третопласирана оди во Купот на УЕФА.

Во Е-групата веќе обезбедениот Олимпик во Лион можеше да си дозволи луксуз да одигра нерешено 1 спрема 1 со Стеауа од Букурешт. Средбата во Киев меѓу Динамо и Реал Мадрид заврши без победник - 2 спрема 2. Димано повеке со 2 спрема 0, Реал изедначи за две минути со головите на Роналдо во 84 и 86-тата минута. Олимпик има 14 бодови, Реал 11, а Стеауа со 5 бодови се пласира за Купот на УЕФА.

Во Ф-групата Манчестер Јунајтед ја победи Бенфика со 3 спрема 1 и го обезбеди првото место. Копенхаген со ист резултат го совлада Селтик од Глазгов, но тоа не му беше доволно за да оди во Купот на УЕФА иако има ист број бодови со Бенфика. Манчестер Јунајтед и Селтик се во наредната рунда од Лигата на шампионите.

Во Е-групата Милан дома доживеа пораз од Лил со 2 спрема 0, Андерлехт и АЕК во Брисел одиграа 2 спрема 2. На крајот Милан е прв со 10 бодови, Лил втор со девет. АЕК со 8 бодови оди во Купот на УЕФА.

Конечен список на учесници во вториот круг на Лигата на шампионите:

Баерн Минхен (Германија)

Барселона, Валенсија, Реал Мадрид (Шпанија)

Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул (Англија)

Рома, Милан, Интер Милано (Италија)

Олимпик Лион, Лил (Франција)

Порто (Португалија)

ПСВ Ајндховен (Холандија)

Селтик Глазгов (Шкотска)

Во Купот на УЕФА ќе играат:

Вердер Бремен (Германија)

ЦСКА Москва, Спартак Москва (Русија)

Бенфика Лисабон (Португалија)

Жиронден Бордо (Франција)

АЕК Атина (Грција)

Стеауа Букурешт (Романија)

Шахтјор Доњецк (Украина)