1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Прва победа сезонава за шампионот Фетел

Шампионот во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, ја славеше првата победа сезонава на спорната трка за Големата награда на Бахреин.

Пилотот на тимот на Ред Бул и двократен првак во шампионатот на Формула 1, конечно победи во четвртата трка во новата сезона на ова натпреварување. Фетел во целта влезе пред изненадувачки силните болиди на Лотус, возени од пилотите Кими Рајконен и Роман Гросжан. Поранешниот светски првак Рајконен ја заврши трката во Бахреин на второто, а Гросжан на третото место .

Со првата победа сезонава, Фетел, кој во Бахреин стартуваше од пол-позицијата, го презеде и водството во генералниот пласман во шампионатото во Ф1 од досегашниот лидер Луис Хамилтон од тимот на Мекларен Мерцедес. Германецот сега има вкупно 53 бодови, а Хамилтон, кој заврши осми во Бахреин, има 49.

Победата во Бахреин е вкупно 22 . врвно место на подиумот во кариерата на Фетел.