1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Прва победа за Германија

На ЕП во Австрија и Швајцарција, денес силите ќе ги одмерат репрезентациите на Франција и Романија и на Холандија и Италија. Вчера, Германија беше подобра од Полска, а Хрватска ја порази екипата на Австрија.

default

Лукас Подолски

Дали Германија ќе стигне во финалето на Европското фудбалско првенство како што пееја германските навивачи вчеравечер во Клагенфурт, сеуште е далеку од извесно, но екипата на Јоаким Лев покажа дека сака да стигне што е можно подалеку. Двата гола на Лукас Подолски и‘ ја донесоа на германската репрезентација првата победа на Европското првенство: „Денес игравме добро, победивме 2:0 и го реализиравме тоа што беше потребно. сега одиме натаму и не смееме да запреме“, изјави Подолски, роден инаку во Полска: „Во Полска имам голема фамилија, таму сум роден и затоа мислам дека за земјата мора да се покаже и малку почитување, што и го сторив по головите“.

Тренерот Јоги Лев, е задоволен што победата епостигната веднаш на првиот натрпевар, зашто како што вели, тоа дава самодоверба и сигурност: „Екипата одлично ги спроведе сите задачи и на крајот сеедно е кој ги постигнал головите, но Лукас Подолски играше, целосно погледнато, многу добро.“

Австриската полиција по натпреварот Германија-Полска имаше полни раце работа и уапси 140 Германци кои со десно-екстремни пароли вербално ги напаѓале полските навивачи. Инаку, цела Германија вчера ги бодреше своите 11-мина. Атмосферата потсетуваше на онаа од пред две години, од светското првенство. Во кафеаните, на отворено, во дневните соби - секаде се пиеше пиво, се виореа знамиња и се пееше.

Тоа е фудбал

На вториот натпревар, во Виена, фудбалерите на Хрватска ја совладаа Австрија со 1:0. Голот на Лука Модриќ постигнат од пенал и‘ ги донесена Хрватска трите бода, но средбата ги покажа и бројните слабости на избраниците на Славен Билиќ. Еден од најдобрите играчи во хрватскиот тим, Ивица Олиќ, оцени дека екипата може да биде задоволна со првиот половина час, по што следуваше притисокот на Австрија. Австриецот, Матрин Штранцл, објаснува: „Игравме многу добро по првите 25 минути. Бевме многу нервозни, игравме само на долги топки, но за жал не постигнавме гол. Така беше и во второто полувреме. Против нас беше свирен пенал, а мислам дека имаше две ситуации каде судијата можеше да свири пенал и за нас, но тоа е фудбалот. “