1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Прва на удар е металната индустрија

700 вработени во фабриката Скопски легури ќе бидат пратени на принуден одмор. Причина за најголемиот бран отпуштања на работници, по кризните деведесетти години, е вртоглавиот пад на цената на металите на светските берзи

default

Македонска берза

Во екот на глобалната финансиска криза металите губат од вредноста, а тоа жестоко ги погаѓа кревките компании од металуршкиот сектор во Македонија. Најголемата фабрика од тешката индустрија „Фени“ , не крие дека во последните месеци работи со загуба: „Првата половина на годината ја завршивме на некоја позитивна нула, а од јуни константно правиме губитоци, кои акционерите ги санираат. За излез од оваа криза треба владата на РМ, а и ние најголемите компании, да направиме заедничка стратегија“, изјави Михајло Маневски, извршен директор на комбинатот за никел „Фени индустри“ .

Металуршката индустрија во Македонија вработува околу 6.000 работници, а учествува со повеќе од 50 проценти во вкупниот македонски извоз и со над 25 проценти во бруто домашниот производ.Ова укажува дека кризата во овој сектор може длабоко да ја погоди вкупната економија на земјата, но засега металските компании, покрај берзанските инвеститори, се единствените кои трпат директни последици од глобаланта финанисика криза.

Банкарскиот сектор во Македонија е стабилен

Двете најголеми банки во земјата - Стопанска и Комерцијална, со докапитализација го окрупнуваат капиталот. Гувернерот на Централната банка, Петар Гошев ги уверува граѓаните дека нивните пари во банките се сигурни. Светската криза и мерките за финансиска стабилизација се една од главните теми во македонските медиуми, но луѓето во Македонија малку знаат за најголемиот светски проблем во моментов. Тие сметаат дека земјата е отпорна на негативниот тренд што го зафати светот, но аналитичарите предупредуваат дека малите економии допрва ќе ги почувствуваат последиците од планетарната финансиска криза.