1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Прва манифестација на хомосексуалци во Киев

Во главниот град на Украина за припадници на ЛГБТ заедницата за првпат демонстрираа за еднакви права во земјата. Околу 50 активисти учествуваа во маршот во близина на центарот на Киев.

И покрај судската забрана, најмалку 50 активисти за заштита на правата на ЛГБТ заедницата денеска се собраа во Киев на првата Парада на гордоста.

Учесниците носеа транспаренти против дискриминацијата и понижувањето на геј популацијата. Собирот, кој траеше половина час, се одржа под силно полициско обезбедување. На истото место се собраа и противниците на Парадата на гордоста извикувајќи пароли против хомосексуалците. Полицијата приведе пет лица кои ги провоцирале учесниците на Парадата.

На Парадата на гордоста присуствуваше и градоначалникот на Минхен и еден член на Европскиот парламент. Судот во Киев пред два дена забрани одржување на првата Парада на годроста во Украина, поддржувајќи ги градските власти кои се жалеа дека Парадата би и' попречила на годишната прослава на Денот на Киев и би поттикнала насилство.

Организаторите минатата година ја откажаа Парадата на гордоста во последен момент, бидејќи на локацијата планирана за одржување се собраа скинхедси со намера да ги нападнат учесниците. Антипатијата кон припадниците на геј популацијата се' уште е многу силна во Украина и други делови на некогашниот Советски сојуз, во кој хомосексуалноста беше забранета со закон.