1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прва жртва од протестите во Бахреин

Демонстрант е пронајден мртов северно од главниот град Манама. Розберг ќе стартува од пол-позицијата

Еден демонстрант е пронајден мртов утрово (21.04) по судирите на безбедносните сили и демонстрантите, кои бараа откажување на трката во Формула 1 и демократски реформи во Бахреин.

Телото било пронајдено на покрив од зграда во градот Шакура, северно од главниот град Манама. Локалните жители тврдат дека тој бил застрелан од полицијата. Полицијата се уште го истражува убиството. Утрово избувнаа судири меѓу роднини на убиениот и полициските сили кои употребиле солзавец за да ја растераат толпата.

Опозициските активисти и организациите за човекови права бараа откажување на трката во Формула 1 која се вози викендов, во рамките на протестите кои траат речиси една година против монархијата во земјата. Минатата година трката беше откажана од тие причини, но годинава Светската автомобилиска федерација и властите во Бахреин тврдеа дека состојбата е под контрола и трката може да се вози.

Денешниот последен тренинг на пилотите пред утрешната трка, мина во сенка на протестите. Најбрзиот круг во квалификациите го извозе Германецот Себастијан Фетел со Ред Бул, пред Луис Хамилтон на Мекларен и Марк Вебер на Ред Бул.