1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прва жена на чело на ММФ

Откако ММФ остана без својот прв човек, бидејќи Доминик Штрос Кан поднесе оставка по обвинувањата за сексуално злосторство, сега Фондот напиша историја и за првпат ќе биде предводен од жена, Кристин Лагард.

default

Кристин Лагард, новиот шеф на ММФ

„Меѓународниот Монетарен Фонд ја избра Кристин Лагард за нов извршен директор за период од пет години почнувајќи од 5 јули. Управниот одбор на Фондот е согласен дека таа е високо квалификувана за функцијата“, ја соопшти синоќа одлуката на 24 члениот Управен одбор на ММФ портпаролот на оваа организација, Дејвид Хаули.

Француската министерка за финансии, 55-годишната Кристин Лагард, со што стана прва жена на чело на оваа глобална финансиска институција во нејзината историја. Со изборот на Лагард продолжи традицијата ММФ да биде предводен од Европеец, а Светска банка од Американец.

Повик до Грците за единство

IWF Internationaler Währungsfonds Logo Washington

Лагард веднаш по одлуката во изјава за медиумите се осврна на најгорливата тема во финансискиот свет - должничката криза во Грција. Таа ги повика Грците на единство пред денешното одлучувачко гласање за програмата за штедење во земјата. Таа ја повика грчката опозиција да постигне национално единство со владејачката партија. Судбината на земјата е во прашање, порача Лагард. Меѓународниот Монетарен Фонд покрај ЕУ има значајна улога во пакетот финансиска помош за Грција.

Инаку Кристин Лагард важи за политички исклучителна фигура во Франција. Консеквентна, јасна и концентрирана, така се гледа таа себе си и својот стил на работа. Тоа го покажа и како актуелен претседавач со Г8 и Г20.

Успешно извлекување од политичките стапици

Таа целата професионална кариера ја поминала низ светот, водела големи адвокатски канцеларии во Чикаго, Хонгконг и Лондон. Заради тоа е единствена во француската влада која зборува англиски со совршен акцент. Во политиката е само од 2005 година, а веќе четири години подоцна „Фајненшл тајмс“ ја прогласи за најдобар министер за финансии во Европа. Единствена слаба точка е една стара финансиска афера. Во моментов и‘ се заканува истрага заради вршење влијание врз донесување одлука во полза на францускиот претприемач Бернард Тапи, замешан во скандали. Досега таа успеваше да се извлече од сите непријатни политички стапици.

Автор: СН/ АТ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска

Аудио и видео прилози на оваа тема