1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прва Велигденска миса на папата Франциско

Папата Франциско денеска ќе ja предводи прватa прослава по повод Велигден, а се очекува десетици илјади верници да присуствуваат на Велигденската миса на плоштадот Свети Петар во Рим.

Од истиот балкон од каде за првпат се појави пред верниците, откако беше избран за поглавар на Римокатоличката црква овој месец, папата ќе упати благослов Urbi et Orbi за Рим и за светот.

Папата синоќа во базиликата Свети Петар се обрати до верниците и католиците кои се оддалечиле од верата, апелирајќи до нив „да се приближат до Бога“.

„Тој ќе ве пречека со раширени раце“, изјави 76-годишниот папа, поранешен надбискуп на Буенос Аирес, кој ја повика Римокатоличката црква да се приближи до обичните и сиромашни луѓе.

„Не ги затворајте срцата. Немојте да губите доверба и да се предавате – нема ситуација која Бог не може да ја промени“, порача папата до верниците на мисата.