1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Првата рунда во ТВ дуелот за Ромни

Кандидатот за претседател на САД на Републиканската партија Мит Ромни победи во првиот од трите планирани ТВ-дуели со претседателот Барак Обама, која се одржа вчера во американскиот град Денвер, велат анкетите.

Пет недели пред претседателските избори во САД, со првиот телевизиски дуел меѓу кандидатите започна жешката фаза на изборната трка. Актуелниот претседател Барак Обама и неговиот републикански предизвикувач Мит Ромни разменија критики пред се’ околу економската и финансиската политика. Ромни го обвини Обама дека зголемувањата на даноците би биле отров за стопанството. Тој порача дека ќе и‘ ја врати виталноста на американската економија. Обама пак, критикуваше дека Ромни со најавените даночни подароци да ги растовари богатите на сметка на средната класа во земјата. Претседателот истакна дека плановите на Ромни во секој случај ќе доведат до поголеми долгови за САД.

Покрај економските теми за време на дуелот беа истакнати и различните ставови на двајцата кандидати околу здравствената политика. Во средиштето на дебатата беше прашањето дали можат да се финансираат здравствените услуги.

Американската телевизија Си-Ен-Ен соопшти дека резултатите од брзата анкета спроведена меѓу граѓаните што го гледале ТВ-дуелот, покажуваат

TV Duell Barak Obama Mitt Romney Denver USA

Наредниот дуел е за две недели

значително поголема поддршка за републиканскиот кандидат Мит Ромни. 67 проценти од анкетираните гласачи сметале дека поранешниот гувернер од Масачусетс победил во телевизискиот дуел со претседателот Обама.

Само 25 проценти од анкетираните оцениле дека Обама е победникот во дебатата, а дополнително, голем број познати поддржувачи на Обама, како комичарот Бил Маер, режисерот Мајкл Мур и колумнистот на Њујорк Тајмс Николас Кристоф силно го критикуваа млакиот и неубедлив настап на претседателот преку социјалните мрежи.

Во наредните денови се очекува да се види дали победата на дебатата ќе се одрази и врз анкетите, особено во тесно поделените сојузни држави во кои ќе се решат претседателските избори.

Наредниот од вкупно трите планирани ТВ-дуели меѓу претседателските кандидати ќе се одржи за две недели.