1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Првата кинеска космонаутка полета кон вселената

Кинескиот вселенски брод „Шенжу 9“ со тројца членови на екипажот беше лансиран од космодромот Џуукван во пустината Гоби. За првпат на еден кинески вселенски брод се наоѓа и една жена.

33-годишната Лиу Јанг беше одбрана да биде дел од екипажот на „Шенжу 9“ по повеќемесечни тестови. Целта на 13-дневната мисија во вселената е спојување со кинеската вселенска станица „Тиангонг 1“, кое за повпат треба да биде извршено од страна на космонаути. Десет метри долгата и осум тони тешката вселенска истражувачка станица од крајот на септември минатата година кружи околу земјата. Во ноември беше направено, пак, првото успешно поврзување на вселенски брод без човечки екипаж со станицата преку далечинско управување.

Liu Yang Shenzhou-9

Полетувањето на „Шенжу 9

Усовршувањето на технологијата на поврзување е предуслов за амбициозниот проект за кинеска вселенска станица со човечки екипаж до 2020-та година.

Инаку со заминувањето во вселената на Лиу, Кина стане трета земја во светот по САД и поранешниот Советски Сојуз, која има испратено жени во вселената. Лиу е мајор на кинеската армија и пилот на борбени авиони.

Првиот кинески космонаут замина во Вселената во 2003 година, по што Кина лансираше уште неколку ракети со човечки екипаж, но тие досега исклучиво беа составени од мажи.