1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Првата жена гардист на Кулата во Лондон

Таа е првата жена во илјада годишната традиција вработена како гардист на Кулата во Лондон. Мојра Камерон е раскажувач на приказни, патоказ кој зборува, куќен инвентар и пример за другите.

default

Гаридсти во Кулата во Лондон

Секоја манжетна е историја, секоја бордура традиција. Бифитерот, односно стражар на кулата во Лондон Мојра Камерон на пат кон гостите - туристи. „Good Morning, Ladies and Gentlemen - welcome to her Majesty‘s royal palace and fortress, the Tower of London!“

Кулата: речиси 1.000 години историја. Традиционалните стражи не се костумирани актери, туку сите се поранешни војници. Меѓу нив никогаш не била жена војник. Се’ додека не дојде Мојра Камерон.

Дури и сега пет години подоцна луѓето велат: „Господе, жена! Да така е. Убаво што забележавте“.

Како и нејзините колеги мажи и оваа Шкотланѓанка 22 години служеше во војската на нејзиното Височество. Ранг: Постар водник со одличја. Во Кулата таа сега служи како раскажувач на приказни, патоказ кој зборува, куќен инвентар и пример за другите.

London Drei Beefeater in der Mitte der Rabenmeister

Гаридсти во Кулата во Лондон

„Голема привилегија е да се работи овде. Не бев свесна колку е голема, додека не сретнав еден американски пар, на своето прво патување без децата. Мажот ми раскажа дека ќерка му ја видела мојата слика во весник и му рекла: Знаеш што значи ова? Тоа значи дека можам да постигнам се’, што сакам. Се’! Тоа ми покажа колку е важно ова место“.

И други посетители се воодушевени од Мојра Камерон.

„Мислам дека е апсолутно изворедно што тука конечно има жена“.

„Оваа земја веќе виде повеќе извонредни кралици - оттука е можно и функцијата на гардист да ја извршува жена“.

„Верувам во рамноправноста на мажите и жените. Изворедно е, мислам дека е фантастично!“

Работното место на Мојра Камерон постои веќе речиси 1.000 години. Подигната од Вилијам Први од Англија, Кулата на Лондон - мешавина од замок, ковачница за оружје, зандани и дури и зоолошка градина. Претходниците на Мојра Камерон служеа како стражари на кралевите, азното и затворениците - и релативно рано почнаа да работат како водичи на туристи. Еден затворен машки клуб... се’ до 3. септември 2007 година, кога Мојра Камерон стапи на должност.

Персонално решение со голема симболична вредност... Впрочем таа имаше пет машки конкуренти.

Rabenmeister in London

Возбуда во медиумите: Една жена во оваа света британска институција!

Не секој е согласен со тоа, исто така и некои од нејзините колеги. Се случи тоа од што многумина стравуваа: мобинг против неа. Еден маж - гардист мораше да си замине.

Алан Кингшот, шефот - гардист на кулата, уште од самиот почеток ја поддржуваше Мојра Камерон. „Тоа се случи и беше непријатна ситуација, која не ми се допадна - впрочем како и на повеќето гаристи. Еден стражар тогаш беше отпуштен. Но за мене тоа е веќе минато“.

Пауза меѓу две тури со шоља чај - исто како и нејзините колеги и Мојра Камерон живее во средновековните ѕидови на кулата - за неа на почетокот необична ситуација

Впрочем тука биле отсечени некои крунисани и некрунисани глави. Како кралицата која владееше кратко време Лејди Џејн Греј, на која во кулата и беше отсечена главата и оттогаш се шетала како дух низ ѕидините.

„За време на интервјуто ми рекоа, знаете ли дека во кулата се шетале духови и ме прашаа дали како сама жена би имала проблем со тоа. Мојот одговор на тоа беше: не се мртвите тие од кои мораме да стравуваме, туку живите“, вели Мојра Камерон.

Пет години откако стапи на должност првата жена гардист - Кулата во Лондон е свртена кон иднината, а Мојра работата ја извршува од се’ срце.

„Тоа е изворедна работа, особено на денови како денес. Навистина е извонредно чувството, кога навечер стоиме на излезот и се збогуваме со луѓето и кога тие ќе се свртат и ќе кажат: Беше фантастично, беше извонредно - тогаш знам дека сум извршила добра работа“.

Наскоро треба да се вработат уште жени во кулата во Лондон: веќе има две нови кандидатки....