1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Првата група ирански муџахедини пристигна во Албанија

Во Тирана пристигна првата група од 14 ирански муџахедини, од вкупно 210, колку што албанската Влада се согласи да прими. Се работи за припадници на бунтовничка група кои се борат против режимот во Иран.

Претставникот на Обединети нации Мартин Коблер потврди дека иранските муџахедини во Тирана пристигнале на 15.05.2013. Официјална Тирана во средината на март годинава го прифати барањето на САД, во Албанија да се засолнат 210 муџахедини, од групата МЕК на муџахедини, кои се опозиција во Ирак.

Веднаш потоа претставник на оваа група ја одби понудата на Албанија и изјави дека ги има 3.000 и не е прифатливо да им се даде азил само на една мала група. Албанскиот премиер Сали Бериша тогаш изјави дека им дал ветување на САД за прифаќање на 210 лица од оваа група муџахедини, кои живеат во крајно тешки услови во кампот „Слобода“ во Ирак. Експресно потоа Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Албанија да прими 210 припадници на организацијата Народни муџахедини на Иран (МЕК), кои престојуваат во бегалски кампови во Ирак.

Ова не е прв случај Албанија да прифати американско барање за прием на лица порано сметани за терористи и на кои им се заканува прогон. Во 2006 година Албанија се согласи да прими петмина припадници на муслиманската заедница Ујгури од западна Кина, кои беа заробени од страна на американската армија и држени како осомничени исламисти во базата Гванатанамо.