1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прванов против блокадата на Македонија во ЕУ

Поранешниот бугарски претседател во интервју за националното радио се изјасни против политиката на блокади која Софија ја применува кон Македонија. Тој вели дека вистината е на страната на Бугарија

default

Да не одиме премногу далеку и да не ја попречуваме Македонија кон ЕУ бидејќи тоа е кусогледо, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов за Бугарското национално радио.

„Повеќе од 20 години како научник се занимавам со темата - Македонија. Имам свои публикации, имам остри и жестоки полемики со историчари колеги од Скопје, со политичари, дури и со претседателот на таа држава. И сум за тоа да спорам, да го бранам своето историско минато, својата култура од слични посегнувања кои ги гледаме во некои од медиумите, пред се. Да не одиме премногу далеку, да не ја стопираме Македонија кон ЕУ затоа што тоа не е далекувидно. Ние ги запираме Македонците како народ близок до нас со исто потекло со кој сакаме заедничка иднина. Би требало да е обратно, да им бидеме најголемата поткрепа“, изјави Прванов.

Запрашан за, како што се наведува, антибугарската пропаганда во Скопје тој вели „го знам тоа многу одамна“.

„Во 1986 година, тогаш кога речиси никој не си дозволуваше, полемизирав на еден балкански форум со своите книги и статии. Постојат други бариери, други гаранции кои не треба да дозволат слични злоупотреби и претензии за малцинство во Пиринската област, претензии, ако сакате, тука и таму, за прекројување на границите. Но, нема начин како да се спречат публикациите, нема како да се спречат позициите во медиумите освен со контраставови, со

Gorge Ivanov und Georgi Prvanov

Георги Прванов и Ѓорге Иванов

уште посилна аргументација, со каква што ние располагаме. Вистината е на наша страна само треба да инвестираме во науката, во медиумите за да може оваа вистина да не биде позната само во Бугарија, туку и во Европа, затоа што во Скопје се многу поактивни по ова прашање“, наведува Прванов.

Запрашан за намерата на Владата во Софија да побара помош од бугарската Академија на науките во однос на прашањето за добрососедство со Македонија тој посочува оти секогаш се залагал за тоа науката да биде искористена при донесувањето на конечни одлуки од институциите.

„Академијата треба да се искористи но затоа треба да биде стимулирана дополнително. Таа има скромни речиси никакви плати и ништо повеќе“, вели поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов.